Author: Zoran Ivanov

Во рамки на преземените обемни активности околу состојбата со пожарите во скопскиот регион, вчера на подрачје на ЕВР Гази Баба, поточно во близина на месноста Ајватовски рид кај населбата Илинден во 23:40 часот, полициски службеници при преглед на три малолетни лица, странски државјани, во ранец пронашле две шишиња со по 1,5 литри бензин, две петарди, запалка и течен лепак, по што истите се лишени од слобода. Во присуство на дежурен тим на Јавна установа центар за социјални работи и адвокат, обавен е службен разговор, по што со потврда за предавање на лица истите се предадени на ЈУМЦСР.

Read More

Учесниците на конференцијата за економско закрепнување на Украина, што се одржува во Рим, ветија повеќе од 10 милијарди евра за помош на земјата разорена од војна, изјави денес италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Read More

По преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ наследи стабилна и јасна позиција во евроинтегративниот процес со загарантиран македонски јазик во Европската Унија и јасен пат за напредок, посочи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

Read More

Африм Гаши, Претседател на Собранието на Републиока Северна Макеедонија: „Во име на Собранието на Република Македонија, посакувајќи ви топло добредојде, ми претставува особена чест, но и голема одговорност да ви се обратам на овој настан организиран по повод 30-годишнината од геноцидот во Сребреница.

Read More

Најновите податоци од пописот од 2023 година покажуваат дека муслиманите повеќе не го сочинуваат апсолутното мнозинство од граѓаните на Албанија. За прв пат по два века, муслиманите паднаа под половина од вкупното население

Read More

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Париз на денешната расправа донесе одлука да се одложи впишувањето на Охридскиот регион на Листата на светски културни и историски наследства во опасност.

Read More

Доколку намерите со ставањето на идентитетскиот дел биле добри, тогаш се направило погрешна проценка и изгубена е политичка битка со бугарската страна. Но, доколку идентитетскиот дел е ставен намерно за да се засили наративот за “лошата ЕУ која го краде идентитетот” тогаш се работи за малициозна и штетна политика.

Read More

На грчкиот остров Тасос, во областа Гликади во близина на Лименас, голем пожар избувна синоќа околу 23 часот и гори повеќе од шест часа. Освен Гликади, погодени се и областите Пахи и Рахони, јавуваат грчките медиуми.

Read More

Евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас денеска од Охрид позитивно го оцени Извештајот на Европскиот парламент, истакнувајќи дека тој дава силна поддршка на интегративните процеси на државата и ги поддржува реформските процеси, особено реформите во правосудството, борбата против корупцијата и останатите предизвици со кои се соочува државата.

Read More

Успеавме да спречиме Европскиот парламент да се користи за домашна политичка пропаганда на Мицкоски. Северно- македонскиот премиер очигледно не е возбуден од позитивниот развој на неговата земја, туку води битка од сугестии кои се неплодни. Бугарија е силна земја, Бугарија е фактор и во Европската Унија и во регионот што РС Македонија мора да го земе предвид. Ние сме земја-членка на ЕУ, а РСМ засега е само кандидат. Ова го изјави министерот за надворешни работи Георг Георгиев во врска со извештајот на Европскиот парламент, од кој беа избришани „македонскиот јазик и идентитет“, и последователното обвинување од Христијан Мицкоски дека Бугарија…

Read More