Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ајде малку да ја разбиеме маглата и да ги разобличиме намерите

0
By Zoran Ivanov on July 10, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 10, 2025 13:24

Доколку намерите со ставањето на идентитетскиот дел биле добри, тогаш се направило погрешна проценка и изгубена е политичка битка со бугарската страна. Но, доколку идентитетскиот дел е ставен намерно за да се засили наративот за “лошата ЕУ која го краде идентитетот” тогаш се работи за малициозна и штетна политика.

Сеад Ризвановиќ

Гледам дека и образовани луѓе не ја разбираат суштината на она што се случува во Европарламентот, затоа да објасниме некои работи:

Извештајот на известувачот за Северна Македонија Томас Вајц е дел од редовни извештаи на известувачите за земјава кои постоеле и во минатото, и овој извештај нема никаква врска со признавање или непризнавање на идентитет. Но за тоа подоцна.

Извештаите и резолуциите на Европарламентот немаат секогаш обврзувачко дејство за земјите членки, тоа исто така мора да биде јасно, одлуките во ЕУ понатаму се носат во Европската комисија и во Европскиот совет, каде се разбира се одлучува со консензус.

Како за илустрација, имаме безброј примери на одлуки на Европарламентот кои останале мртва буква на хартија, на пример пратениците со убедливо мнозинство ги имаат повикано земјите членки да го одземат правото на гласање на Унгарија уште во 2024 година, но гледаме дека од тоа нема ништо. Повторно да кажам, ова нема никаква врска со признавање или непризнавање на идентитет но ќе дојдеме и до тоа.

Вистинското прашање сега е кој одлучил во извештајот на Вајц (не)потребно да се стави делот со идентитетот. Дали тоа го направил самиот Вајц со веројатно добри намери ама лоша проценка, или Вајц бил убеден во тоа од некоја трета страна исто така со добри, но можеби и со лоши намери.

Едната теза е дека тоа е дел од процесот за давање на одредени “гаранции” од ЕУ за владата за да се олесни промената на уставот, друга теза е дека идентитетскиот дел се ставил чисто да се добијат политички поени, но постои и теза дека целата акробација е направена намерно за да се постигне актуелниот резултат и така да се зацементира позицијата на владата за неприфаќање на промена на уставот.

Тука да резимираме, доколку намерите со ставањето на идентитетскиот дел биле добри, тогаш се направило погрешна проценка и изгубена е политичка битка со бугарската страна. Но, доколку идентитетскиот дел е ставен намерно за да се засили наративот за “лошата ЕУ која го краде идентитетот” тогаш се работи за малициозна и штетна политика.

Се разбира, веројатно никогаш нема да дознаеме што навистина се случило, како што не дознавме и со низа на други процеси.

Е сега за идентитетот.

Не ми се верува дека едуцирани и образовани луѓе не можат да разберат едноставен концепт: Ниту ЕУ, ниту ОН, ниту Галактичката федерација не даваат, одземаат, купуваат, продаваат идентитети.

Идентитетот е процес на самоидентификација, чувство, збир на психолошки и социолошки фактори, може да биде личен, етнички, регионален, државен, верски, … и никој, ама никој не може да ви го даде или одземе.

Како некој ве вика, што некој мисли за вас е небитно, важно е што вие мислите дека сте, и тука треба да се стави крај на идентитетската дебата.

На крај, освен Македонците, најоспоруван народ на Балканот од идентитетски аспект се Бошњаците. Па така ние сме Срби, Хрвати, Турци, Албанци, што сакате, но мене тие приказни ми се смешни, бидејќи кога сте сигурни во својот идентитет тогаш шовинистичките напади звучат само како малоумни бладања.

идентитети колумна Сеад Ризвановиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.