Author: Zoran Ivanov
Бленди Ходаи: Благодарам на добрата волја, но за да им оддадете почит на жртвите, министерке Јаневска, најдобро ќе беше да молчите, таму, меѓу илјадници студенти. Барем ќе нѐ поштедевте од празни флоскули и говори, од обиди да го контаминирате гневот на младите со рецитирање поема од Ацо Шопов. Нам зборови не ни се потребни, бидејќи за ова зборови нема. Бараме одговорност. Бараме вистинска правда. Бараме држава што не е импровизирана, држава што не гори, не се руши и не убива. Ќе ни помогнете со тоа што ќе признаете дека раководите со распаднат систем – систем што не штити, туку уништува…
Обвинителството вечерва соопшти дека се поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица во врска со трагичната несреќа што се случи во дискотека во Кочани.
Министерството за здравство вечерва соопшти дека во домашните здравствени установи низ државата згрижени се над 140 пациенти од трагичната несреќа во Кочани. Дел од пациентите се префрлени во здравствени установи во странство и тие се наоѓаат во стабилна состојба.
Објектот немал хидрантска мрежа ни хидрант во употребна функција. Немало доволно противпожарни апарати според квадратурата на објектот односно само 2 имало. Немало две излезни врати пропишани за евакуација, … Мирослава Симоновска Јавното обвинителство денеска почнало да истражува што доведе до пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и како објектот со години добивал дозволи, собирал малолетници секој викенд на очиглед на полицијата со големи јавни повици и посетеност, а за тоа никој не нашол за сходно да изрече казни и затворање на објектот. Обвинителот Љупчо Коцевски рече дека обвинителството денеска издало наредби да се прегледаат камери, да се апси секое лице…
Јане Ѓорѓиоски: Се молат новинарите да не ги нервираат премиерот Мицкоски и министерот Тошковски со незгодни прашања за некаква нивна одговорност. Нема смисла, луѓето се нервозни и така.
Се сеќаваш ли како му викаа студентите на Вучиќ: не си надлежен за нашите интереси и прашања.
Тина Иванова: Мицко, сега ли најде да држиш политички говор како да сме пред избори?! Денеска баш, денеска??? Можеше да изразиш само сочуство и да одговориш на новинарски прашања, ама без ароганција. Почнете да апсите одма. Сите до еден! И меѓу себе.
Уште неофицијално но од упатени извори од министерството за здравство се стравува дека бројката загинати млади луѓе во ноќешниот шжар во Кочани достигнала 80 загинати.
Српската Влада денешната седница ја почна со едноминутно молчење за жртвите во пожарот во Кочани.
По наредба на премиерот Росен Жељазков, авион Спартан на бугарското воено воздухопловство отпатува за Република Северна Македонија кој во бугарските болници ќе превезе пет лица тешко повредени во пожарот во градот Кочани, соопшти бугарската Влада.