Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поделени

0
By Zoran Ivanov on March 17, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 17, 2025 07:02

Сега ќе правите „контроли“? Почнете од партиите. Проверете кои ваши партиски функционери „гледале на другата страна“ додека сте и(м) издавале дозволи за работа. Или сте им овозможиле да работат “по закон” поради “молк на администрацијата”.

 Ивон Величковски

Од денес сме поделени: На една страна сте вие што за пари го уништивте системот и секој ден не убивате по дискотеки, улици, автобуси и болници.

На другата страна сме ние – мнозинството што веќе не сака земја на некролози испишани поради вашата алчност.

Од оваа поделба нема назад.

Вие ги убивате нашите деца во име на корупцијата.

Нашата уништена младост може да ви ја простиме – но нивните животи не.

Крвта ви е на рацете и нема да ги скриете доказите за да ги спасите бизнисите и фотелјите. Сите што (до сега) сте (биле) на власт.

Нема да си ги компензирате масовните убиства во тетовска Модуларна болница, „Дурмо турс“ и ова во Кочани за да се амнестирате меѓусебно.

Гангстерите ви се друштво – „силни“ момци по локали во кои „џет-сетот“ пие и шмрка во друштво со полициски началници и политички функционери, додека полицајците ви ги чуваат луксузните возила.

Не’ убивате со свесна небрежност и непочитување на закони, стандарди и процедури. За пари.

“Имам човек”, “наш е во инспекција”, “ќе му ѕвонам на градоначалникот”, “се знам со министерот”, “зборено е со шефот”… до сега од утрово уби шеесетина млади.

Ако и еден доказ „снема“ – вие го криете: МВР, Крим-полиција, Обвинителство.

Простете, но не е време за молк.

Секој што сега „морализира“ дека не е момент да се зборува – сака да ја релативизира смртта на десетици млади животи.

За личен или партиски профит.

Оваа дискотека „работела“ со години. Таа била „темпирана бомба“,а е само една од стотиците такви места каде се движат нашите деца.

Сега ќе правите „контроли“?

Почнете од партиите.

Проверете кои ваши партиски функционери „гледале на другата страна“ додека сте и(м) издавале дозволи за работа. Или сте им овозможиле да работат “по закон” поради “молк на администрацијата”.

Нема молк до одговор на сите прашања:

– Чија е дискотеката – објектот и фирмата?

– Кој е организатор на настанот?

– Како, кога и од кого објект со еден излез и решетки на прозорците добил дозвола да биде дискотека?

– Како се поврзани со лицата кои ја издале дозволата за работа?

– Кои се бизнис и партиско-политичките врски меѓу нив? И колку време?

– Кој и кога последно инспектирал противпожарна заштита, проодност во случај на итност?

– Пријавен ли бил концертот?

За пријавен концерт превентивно се распоредуваат противпожарни и медицински екипи. Ако не бил пријавен – зошто полицијата не го прекинала?

– Дали во објектот биле присутни повеќе лица од дозволениот максимум? Бројот на издадени влезници мора да се обезбеди.

– Кој го обезбедувал настанот? Кој пуштал малолетници во дискотека во 3 часот наутро?

– Кој ја организирал пиротехниката?

– Станува збор за лиценцирани компании? Кој им ги издал лиценците? Одговорност за сите – и не само парична.

Ако, пак, објектот немал важечка дозвола – кој и зошто, по чија наредба или за чиј интерес го толерирал неговото работење?

По своја желба или по „наредба од горе“?

И дали е тоа единствен случај?

Ова не е трагедија поради „виша сила“.

Ова е масовно убиство поради човечки фактор – со свесно игнорирање на обврски и процедури и од организаторот и од изведувачите и од институциите.

Кога ќе велат дека некој пред нив е одговорен – лажат:

Сите локални и владини гарнитури додека работела дискотеката не ги интересирало што се случува – и во Кочани и во било кој град во Северна Македонија.

Цената на негрижата и корупцијата денес со живот ја платија десетици млади луѓе кои само сакале да се забавуваат.

Да ги одмаздиме овие и сите досегашни жртви на партиската мафија здружена со криминалното подземје – со борба против нивниот Систем на немање систем.

Во спротивно никој од нив нема да носи одговорност, како 35 години до сега.

Крвави ви се рацете! На сите што сте и бевте власт. И ги предизвикавте кочански “Пулс”, тетовска “Модуларна”, “Дурмо турс”… се до “Авиоимпекс” и скопската дискотека “Силекс”.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

 

 

Ивон Величковски партии поделени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.