Author: Zoran Ivanov
Ѓорѓиевски: За 72 часа Скопје ќе биде чисто / Мециновиќ: Решението за чисто Скопје е политичка волја
Кандидатот за градоначалник на град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски вечерва потенцираше дека ветувањето за чисто Скопје во рок од 72 часа е реално и остварливо. Тој ги повика граѓаните во недела масовно да излезат на гласање и да го дадат својот гласа за него, бидејќи како што кажа на Скопје веќе не му се потребни експерименти туку работа.
Во неколку основни училишта во Скопје и Куманово вечерва на електронските адреси пристигнале пораки за поставени експлозивни направи. МВР информира дека во тек се проверки во училиштата.
Шефот на германската разузнавачка служба БНД, Мартин Јегер, денес предупреди дека Русија нема да се двоуми да изврши воен напад врз која било земја-членка на НАТО.
И додека говорот на омраза на политичарите останува невидлив за органите надлежни за спроведување на законот, токму политичарите и носителите на јавните функции, извршителите и судиите (во извештаите на органите на прогонот) се идентификувани како главни жртви на говор на омраза (вообичаено направен по пат на компјутерски систем)?! Ова е комплетно узурпирање на концептот (смислено, направено делумно и согласно законот) кое дава погрешна слика за состојбите со говорот на омраза во Северна Македонија и кое дополнително ја носи опасноста од замрзнување или ограничување на политичкиот говор.
Предлог буџетот за 2026 ги опфаќа сите клучни политики што ќе се спроведуваат во наредниот период, со јасна цел – забрзување на економскиот раст, паралелно со постепена фискална консолидација, рече денеска на прес-конференција министерката за финансиии Гордана Димитриеска Кочоска.
Американските сили убиле 14 лица во напади на четири пловила во Пацификот за кои се сомнева дека превезувале дрога, потврди американскиот министер за одбрана Пит Хегсет. Едно лице преживеало и било спасено од мексиканските служби.
Во вечерните часови некои од граѓаните на Подгорица излегоа на улиците, при што беа забележани ксенофобични скандирања, оштетување возила и дополнителни полициски интервенции.
Најроби: Кениската авиокомпанија „Момбаса Ер Сафари“ објави дека единаесет лица, меѓу кои осум унгарски државјани, двајца германски патници и еден кениски член на екипажот, загинале во авионска несреќа што се случила денес.
Војо Маневски: Оние што треба да го штитат работникот воглавно го штитат чиновникот затоа што само тој во оваа држава до некаде е заштитен со закон. Вработените во реалната економија ниту имаат време ниту интерес да се занимаваат со јавни прашања. Законитоста на понудата и побарувачката за нив стигнува прекасно. Немањето на работна квалификувана сила како потребен баланс за состојбите на пазарот на трудот за нивните болки не е веќе лек. Најголем број на вработени во реалниот сектор имаат повеќе од 40г во својот матичен број. Младите заминуваат, а бизнисот ќе се обиде да донесе нови работници од некои далечни…
Марјан Забрчанец: Во Македонија доминира гласањето по етничка и партиска линија пред сѐ поради тоа што изборниот модел е така поставен и поради тоа што моќта и контролата врз изборните процеси е пред сѐ кај големите политички партии, особено кај најголемата партија од власта.
Израел размислува за поместување на „Жолтата линија“ што ја пресекува Газа, што би ставило поголем дел од територијата под контрола на неговата војска, се наведува во медиумските извештаи, пренесени од „Тајмс оф Израел“.
