Author: Zoran Ivanov
Сан Франциско: Вселенското летало „Старшип“ (Starship) на „Спејс икс“ (SpaceX) експлодираше во четвртокот, само неколку минути по полетувањето од Тексас, спречувајќи обид да се распоредат тест сателити. Ова е втор последователен неуспех во ракетната програма за Марс што ја води Илон Маск.
Процесот на пребројување на гласовите за парламентарните избори во Косово на 9 февруари заврши во средата, а Движењето Самоопределување (ПС) на премиерот Албин Курти доби најмногу – 42,28 отсто од гласовите, обезбедувајќи 48 места, но не доволно за формирање нова влада на Косово само со помош на несрпските малцински заедници.
Албанската влада одлучи да ја забрани употребата на кинеската платформа за кратки видеа TikTok на една година, изјави вчера министерката за образование Огерта Манастирлиу, наведувајќи ги безбедносните грижи.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги ослободи стоките од Канада и Мексико на еден месец од царините од 25 отсто што ги воведе претходно оваа недела.
Берн: Швајцарија ги извести државите дека ја откажа конференцијата за примена на Женевските конвенции на окупираните палестински територии поради недостиг на учесници, соопштила денеска извори.
Европа мора да стане посуверена, поодговорна за сопствената одбрана и подобро опремена да дејствува и самостојно да се справува со непосредните и идните предизвици и закани во услови кога руската агресија врз Украина и нејзините последици по европската и глобалната безбедност претставуваат егзистенцијален предизвик за Европската Унија, се наведува во заклучоците посветени на европската одбрана од денешниот специјален Самит на ЕУ.
Брисел: Лидерите на ЕУ „европски“ – на денешниот Самит поради Орбан не стасаа до единство за Украина
Лидерите на земјите членки на Европската унија на денешниот специјален Европски совет не успеаја да постигнат консензус за предложените заклучоци за поддршка на Украина, откако со нив не се согласил унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Високи претставници на администрацијата на Трамп следната недела ќе отпатуваат во Саудиска Арабија за да се сретнат со украинските претставници, јавија Фокс њуз и Аксиос. Средбата ќе се одржи в среда, објави Аксиос, повикувајќи се на два неименувани извори. Американскиот државен секретар Марко Рубио и други заминуваат за Ријад во вторник, а Андриј Јермак, главен советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, ќе учествува на состанокот од украинска страна, јави и Фокс њуз. САД ги претставуваа државниот секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност Мајк Валц и специјалниот пратеник за Блискиот Исток Стив Виткоф. Руската делегација ја предводеа министерот за надворешни…
Наводно било читањето во сметките. Па во управниот одбор на ЕВН владин претставник е член на ВМРО-ДПМНЕ Гиевски висок функционер. Во ЕВН ХОМЕ тој што ги пресметува сметките е син на поранешен градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Митревски и сега ВМРО-ДПМНЕ ќе каже немаме ние врска со тоа. Не, купуваат струја на пазарот затоа што нема доволно производство, а луѓето и граѓаните во услови кога цената на меѓународниот пазар на берзата е 110-120 евра за мегават час наспроти 550те во наше време за време на енергетската криза, плаќаат 30% поголеми сметки за струја. Кој криминал е тука, пак ќе кажам сите коишто…
Норвешка ќе ја зголеми својата помош за Украина за 50 милијарди норвешки круни (4,2 милијарди евра) во 2025 година за да достигне 85 милијарди круни помош (7,2 милијарди евра), изјави денеска премиерот Јонас Гар Стoре.
Специјалниот пратеник на САД за Украина и Русија, Кит Келог, денеска изјави дека не може да гарантира дека Вашингтон ќе продолжи да го снабдува Киев со оружје дури и ако Украина го прифати договорот за минерали и дека оваа одлука е на американскиот претседател Доналд Трамп.