Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ самит во Брисел: Европа мора да биде по одговорна за сопствената одбрана и самостојно да се справува со предизвиците 

0
By Zoran Ivanov on March 6, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 6, 2025 22:25

Европа мора да стане посуверена, поодговорна за сопствената одбрана и подобро опремена да дејствува и самостојно да се справува со непосредните и идните предизвици и закани во услови кога руската агресија врз Украина и нејзините последици по европската и глобалната безбедност претставуваат егзистенцијален предизвик за Европската Унија, се наведува во заклучоците посветени на европската одбрана од денешниот специјален Самит на ЕУ.

Во овој контекст, како што се потенцира, Европската Унија ќе го забрза мобилизирањето на потребните инструменти и финансии со цел да ја зајакне својата безбедност и ги заштити своите граѓани.

Унијата ќе ја зајакне својата севкупна одбранбена подготвеност, ќе ги намали своите стратешки зависности, ќе ги надмине празнините во критичните способности и соодветно ќе ја зајакне европската одбранбена технолошка и индустриска база, така што ќе биде во позиција подобро да се снабдува со опрема во потребните количини и со забрзано темпо. Ова, исто така, ќе придонесе за зајакнување на европската индустриска и технолошка конкурентност, посочуваат лидерите на ЕУ.

Во текстот натаму се посочува дека Европскиот совет ја нагласува потребата од значително продолжување на зголемувањето на трошоците за безбедноста и одбраната на Европа и ја повикува на Европската комисија да истражува понатамошни мерки со кои на земји членки ќе им овозможи полесно обезбедување на поголеми трошоци за одбраната, притоа обезбедувајќи одржливост на долгот.

Лидерите, исто така, ја повикуваат ЕК да предложи дополнителни извори за финансирање за одбраната на ниво на ЕУ и го поздравува нејзиниот предлог за нов инструмент со што на земјите членки ќе им се обезбедат заеми поддржани од буџетот на Унијата во износ до 150 милијарди евра.

Во заклучоците се поздравуваат плановите на Европската инвестициска банка за засилување на поддршката за европската безбедносна и одбранбена индустрија и се нагласува важноста од мобилизирање на приватното финансирање во овој сектор.

Европскиот совет ја нагласува потребата од одбраната на сите копнени, воздушни и поморски граници на ЕУ, посебно на источната, имајќи ги предвид заканите што доаѓаат од Русија и Белорусија, како и важноста од заеднички набавки за потребите на одбраната со цел намалување на вкупните трошоци и обезбедување стандардизација и интероперабилност и од поедноставување на правната и административната рамка за јавните набавки.

– Европскиот совет, исто така, потсетува дека посилна и поспособна Европска унија во областа на безбедноста и одбраната позитивно ќе придонесе за глобалната и трансатлантската безбедност и е комплементарна со НАТО, кој останува, за оние држави кои се негови членки, основа на нивната колективна одбрана. Тој ги поканува земјите членки кои се исто така сојузници на НАТО да се координираат пред Самитот на НАТО во јуни 2025 година. Европскиот совет ја нагласува важноста да се работи заедно со партнери кои не се истомисленици во ЕУ, се додава во заклучоците.

Во нив натаму се наведува дека ова не е во спротивност со специфичниот карактер на безбедносната и одбранбената политика на одредени членки и дека ги зема предвид интереси на сите земји од Унијата.

Европскиот совет се радува на Белата книга за иднината на европската одбрана, вклучително и на дополнителните елементи и опции во неа, кои имаат за цел значително да го зголемат финансирањето на европската одбрана и да ја зајакнат европската одбранбена технолошка и индустриска база. Европскиот совет ќе се врати на ова прашање и на состаноците во март и јуни, се додава во заклучоците за европската одбрана од денешниот специјален Самит на ЕУ.

 

безбедност ЕУ одбрана Самит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.