Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Келог: Не можам да гарантирам дали ќе продолжи помошта за Укераина – ќе реши Трамп

0
By Zoran Ivanov on March 6, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 6, 2025 20:04

Специјалниот пратеник на САД за Украина и Русија, Кит Келог, денеска изјави дека не може да гарантира дека Вашингтон ќе продолжи да го снабдува Киев со оружје дури и ако Украина го прифати договорот за минерали и дека оваа одлука е на американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој рече дека украинската страна била запознаена дека средбата во Овалната соба меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе биде фокусирана на склучување договор за минерали, пренесува АП.

Келог оцени дека средбата „тргнала во погрешна насока“ кога Зеленски наводно се обидел да го убеди Трамп да застане на страната на Киев.

Зеленски, кој инсистираше на тоа дека на Украина и се потребни безбедносни гаранции пред прекинот на огнот со Русија, подоцна рече дека е подготвен да го потпише договорот.

Сепак, Келог рече дека не може да гарантира продолжување на испораката на оружје дури и ако Зеленски го прифати договорот и дека Трамп ќе ја донесе таа одлука.

Келог истакна дека една од причините за суспензијата на американската помош е токму влијанието што таа би го имала врз Украина, а целта, според пратеникот, била Киев да разбере дека Трамп е сериозен за постигнување мир.

Тој посочи дека Украина треба сериозно да размисли за потпишување договор за минерали со САД.

Кога економски се поврзувате со некого, не ми е гајле дали се работи за франшиза за хамбургери од Мекдоналдс или за благородни метали, вие се инвестирате дипломатски, воено, економски во иднината на оваа земја. И тоа е она што ние се обидуваме да го објасниме, рече Келог.

Келог рече дека безбедносните гаранции не вклучуваат само испраќање војници и дека нема да има понатамошна дискусија за ова прашање додека не се потпише договор за ова прашање, пренесува Гардијан.

Трамп и Зеленски разменија остри зборови за ситуацијата во Украина, кога Трамп го обвини украинскиот претседател дека е неблагодарен за помошта што неговата земја ја добива од САД и дека покажува „непочитување“, по што беше одложено потпишувањето на договорот за ретки минерали на Украина, што беше најавено.

По неуспешната средба, американскиот претседател изјави дека Зеленски „не бил подготвен за мир“ и дека може да се врати во Белата куќа на разговори кога ќе биде подготвен,

 

келог помош Трамп Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.