Author: Zoran Ivanov
Емануел Макрон вели дека планира следната недела да му каже на Доналд Трамп дека не може да си дозволи да биде слаб во лицето на Владимир Путин.
Поранешниот американски амбасадор во Јапонија Рам Емануел предупредува дека претседателот на САД, Доналд Трамп со својата политика ги остварува соништата на советскиот диктатор Сталин.
Под паролата “Код Вука“, атрактивниот споменик на српскиот просветител во центарот на главниот град на Србија, вечерва непрегледни колони белграѓани од повеќе тамошни градски општини се слеваат кон таа дестинација во знак на поддршка на српските студенти во нивните протести против корупцијата во земјата.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц, се огласил за „Фокс њуз“ со остра порака за Украина.
Велика Британија и Франција работат на формирање европски сили наменети за осигурување на безбедноста на Украина во рамки на можниот договор за примирје, а кои би биле составени од „помалку од 30.000 војници“, јавија денеска британските медиуми.
Русија, исто како и американскиот претседател Доналд Трамп, ги посакува природните ресурси на Украина – а на терен нејзините сили се приближуваат кон џиновско наоѓалиште на литиум, пишува во анализа на последните случувања околу Украина и иницијативите за договор со кој би се завршила тригодишната војна. Трамп овој месец рече дека барал Кијив да предаде големи количини од своите критични минерали во замена за идна американска воена поддршка, а се чини дека ова го натера украинскиот претседател Володимир Зеленски да изјави: „Ајде да се договориме“. Сепак, додека Вашингтон и Москва се подготвуваат за преговори насочени кон ставање крај на војната, реалноста…
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска одржа неформална видео конференција со 19 европски земји и Канада за да ја зајакне координацијата за Украина, соопшти Елисејската палата.
Американскиот претседател Доналд Трамп саркастично се огласи на својата социјална мрежа „Вистина“ со навреда за украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на денешната прес-конференција изјави дека неговата земја се надева на „сојузничка позиција во Европа, ЕУ и САД“ во, како што ја нарече, „неправедната војна“ против Украина.
Бројот на загинатите од почетокот на израелските напади во Појасот Газа се зголеми на 48.297.
Има правен процес и, според моите сознанија, тој процес е во тек и го следиме одблизу и сакаме да видиме дека се почитува законот, изјави денеска американската амбасадорка прашана за коментар за иницијативата за смена на Коцевски и интерпелациите за петмина членови на Судскиот совет Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, не ги коментира последните случува во правосудството поврзани со иницијативата на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и интерпелациите на петмина членови на Судскиот совет, но вели дека САД многу одблизу ги следат овие процеси и она што сакаат да го видат е дека се почитува…
Паметните телефони се на работ на застареност. Иднината на комуникациите е во тетоважите, тврди американскиот генијалец за дигитална технологија Вилијам Хенри Гејтс, алијас Бил Гејтс. Идејата да ги имаме нашите комуникациски уреди буквално под кожа е и фасцинантна и вознемирувачка. Во шокантното предвидување кое предизвикува турбуленции низ технолошкиот свет, ко-основачот на Мајкрософт Бил Гејтс изјави дека паметните телефони се на работ на застареност. Милијардерот претприемач верува дека застрашувачката нова технологија наскоро ќе ги замени нашите омилени рачни уреди, оставајќи многу експерти загрижени за импликациите за приватноста и личната слобода. Бил Гејтс замислува свет каде паметните телефони се заменети со електронски тетоважи, концепт кој звучи како да…