Author: Zoran Ivanov
На денешниот настан во рамки на 61. Минхенска безбедносна конференција наменет за пристапот на Балканот кон Европската Унија, премиерот Христијан Мицкоски истакнал дека македонскиот пат кон ЕУ „започна многу пред да започне евроинтеграцискиот процес на Албанија, дури и пред Хрватска, но за нас системот на заслуги е бајка“.
Најавата за одржување вонреден самит следува откако специјалниот претставник на Доналд Трамп за Украина, Кит Келог, изјави дека европските лидери нема да учествуваат во какви било разговори меѓу САД и Русија за завршување на војната.
Љупчо Поповски: Значи, ако претседателот смета дека со укинувањето на законот за спречување корупција тоа ќе значи „многу повеќе бизнис за Америка“, зарем не би требало да се сомневаме оти американските бизнисмени кои дојдоа на разговор во македонската влада со идеи за инвестирање во енергетиката и дигиталната инфраструктура би можеле да понудат поткуп до официјалните македонски лица за да ги добијат зделките. И американскиот закон за тоа да не ги гони. Според Трамп, тоа би била добра работа за Америка. Навистина, барем засега, ништо веќе не исто. Како што и пораките и на оваа амбасадорка и тие пред неа за борба…
Трошоците на животот во јануари 2025, во однос на јануари 2024 година, бележи зголемување од 4.9 %, а индексот на цените на мало раст од 5.2 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп испрати висок дипломатски тим во Саудиска Арабија за да започне преговори со Русија и Украина со цел да се стави крај на речиси 3-годишната војна, изјавија американски официјални лица за повеќе медиуми.
Делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, во чиј состав се и минисрите Муцунски, Мисајловски, Муртезани и Тошковски, учествува на 61. Минхенска безбедносна конференција.
Новиот состав е – што би рекол народот – за плачење. Едноставно, тоа е некаков шпајз за кадрите кои не се корисни во други државни или стручни функции, па треба малку да ја „греат“ фотелјата и да ја упропастуваат вистинската функција на ААВМУ. Просто продолжение на познатиот паразитски однос на претходниот Совет, кој мирно си одлежа 11 години. Љубомир Косотовски Јавноста по речиси 11 години дојде до точка на промени кај составот на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ). Пратеникот Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ (воедно и генерален секретар на партијата!) обзнани дека е финиширан предлогот за составот…
Овој јануари даде две катети на вмроовската политика – промашената посета на Вашингтон и снимките од прчењето на ослободениот милијардер Мијалков во најскапиот град на континентот – Монако. Хипотенузата лесно можете да ја замислите и опишете: ете тоа е „бенефитот“ од 14-те години на владеење на една коруптивна партија, чија цел е годинава една – победа на локалните избори, каде лежат нови мајдани на личното и групно богатење.
Никогаш досега Европа не дозволила да биде ставена на поводник од американската администрација и да парадира наоколу како кучка со педигре. Токму тоа се случи за време на настапот на американскиот државен секретар Пит Хегсет во седиштето на НАТО. Свет
Бранко Тричковски: Проблемите во дефинирањето на химната, на грбот и на знамето го нагласуваат расчекорот меѓу погледите на хистеризираната мнозинска заедница на Македонците и растежот на моќта на другите групации, пред се, на Албанците. И повторно, таквиот карактер на работите се користи за растеж на конфликтноста, а не за хармонизација на општеството со вистината за себе односно со стварноста. Линк
Минхен се надеваше дека ќе слушне повеќе детали за јавно преобликувачкиот мировен план на администрацијата на Трамп за Украина, тие беа погодени со бизарна, пост-вистината на американскиот потпретседатрел Џеј – Ди Венс.