Author: Zoran Ivanov
Зоран Иванов Не е прашањето дали не’ прават будали туку зошто се обидуваат да не’ прават? Претседателката Сиљановска и претседателот Мицкоски на темата македонски ЕУ интеграции не’ прават будали. Всушност дали навистина мислат дека грѓаните долго ќе им дозволат да ги (не’) прват будли? Сепак, судејќи по ланските мајски избори, мнозинството гласачи, кои нема теорија да се будали ама некако како со ќеиф, како со некој овдешен ендемски садомазо, некако како доброволно да се поддаваат да бидат правени будали. Но, не е вицот во тоа што нашиве не’ прават будали туку што оние оттаму, оние негаторине, им се потсмеваат ним…
Градоначалникот на Обреновац Милорад Грчиќ е уапсен по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград поради сомнение дека тие се сомничат за злоупотреба на службената положба и овластувањата во врска со јавни набавки за државната компанија ЕПС, со што ја оштетиле фирмата за над еден милион евра, прибавувајќи противправна имотна корист.
Косово како консолидирана изборна демократија е добра вест упатена до светот. Сега е потребно формирање Влада, без луксуз на одолговлекување или закани за парализа. Живееме во свет покомплексен од кога било досега и во него не ни е дозволен луксузот на политичка парализа.
Јанис Варуфакис: Единствената причина зошто зборуваме за Илон Маск, а не за Џеф Безос или Марк Цукерберг, е тоа што Маск де факто стана потпретседател на Соединетите Американски Држави. Си купи многу комфорна позиција во администрацијата, и тоа беше неверојатна и восхитувачка инвестиција – за вложени неколку стотици милиони долари заработи стотици милијарди. Не верувам дека некаде постои подобар поврат на инвестицијата од оној што тој веќе го оствари. Тоа е причината зошто зборуваме за него.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денеска имал „долг и многу продуктивен телефонски разговор“ со рускиот претседател Владимир Путин.
Додека иницијативата за бојкот на одредени производи и услуги кај нас полека губи на интензитет, во некои соседни земји истите или слични движења добиваат нов замав.
Кремљ денеска објави дека руски државјанин е ослободен од американски затвор во замена за ослободување од Москва на затворениот американски наставник Марк Фогел. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Русинот ќе се врати дома во наредните денови, а потоа Москва ќе го објави неговото име.
Доживотен затвор доби Фадил Зејнелов, 33-годишниот убиец на 29-годишната Емилија Пешева од Штип.
Тина Иванова: Тогашната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, злоупотребувајќи ја позицијата и моќта, којашто, за жал, толку често во историјата ги завела и измамила луѓето, искривувајќи им ја сликата за реалноста, без никаква основа, повторувам, без ниту една основа и пронајдена недоследност или неправилност во работењето, нешто, коешто сега веќе и институционално се докажа, но, она што има поголема тежина за мене, е тоа што и без трошка емпатија и човечност, се обиде да го осквернави моето достоинството и да стави дамка на моето име и презиме и на целото мое семејство. Со тој потег, потпирајќи се на позицијата,…
Распоредот за работа на Вишото јавно обвинителство Скопје за 2025 година е донесен од обвинителот Цветановски во јануари 2025, во момент кога истиот немал својство ниту на заменик, ниту на шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, што значи дека ваквиот распоред не е донесен согласно закон и не може да произведува правно дејство.