Author: Zoran Ivanov

Поранешниот собраниски спикер и кандидат од владејачката Нова демократија, претпладнево со 160 гласа „за“ од пратениците беше избран за претседател на Грција за време на четвртото гласање во Парламентот за шеф на државата, на кое потребно беше еден од четворицата кандидати да добие најмалку 151 глас.

Read More

Брисел: Европската Унија очекува Косово да ги спроведе своите обврски кои произлегуваат од Договорот за напорите за нормализација на односите со Србија, како и сите претходни договори од Дијалогот Белград-Приштина, без дополнителни одлагања или предуслови, порачаа високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас и еврокомесарката за проширување Марта Кос во заедничка изјава по повод неделните парламентарни избори во Косово.

Read More

Тетовскиот суд донесе одлука во врска со случајот печатите на Алијанса за Албанците да му припаднат на Зијадин Села, ова е втор пат судот да пресуди во корист на Зијадин Села против Арбен Таравари кој тврдеше дека е правен застапник на партијата.

Read More

Папата Франциск во отворено писмо до католичките епископи во САД остро го критикуваше планот на американскиот претседател Доналд Трамп за депортација на милиони мигранти. Западните медиуми посочуваат дека вакво директно писмо од папата до верниците е реткост.

Read More

Кијив: Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека доколку се одржат преговори би предложил размена на територии што се под контрола на украинските сили во руската Курска област, во замена за враќање на украински територии кои моментално се окупирани од Русија.

Read More

Владата одлучи да ги ограничи маржите во трговијата на мало на 10 проценти и за исто толку проценти во трговијата на големо. Ограничувањето на маржите ќе трае до 30 април. Ќе бидат опфатени основните прехранбени продукти, детергентите и бебешката храна.

Read More

Бранко Тричковски: Неполн месец по почетокот на проектот “Мејк Америка грејт агеин”, Штатите никогаш не биле помали, понеугледни и попрезрени. Светилникот на слободниот свет, кој ја дефинираше водечката улога на Америка повеќе отколку сите носачи на авиони и атомски бомби, инвестираше во својата водечка улога, но и наплатуваше огромни бенефити, сега самоиницијативно го исклучи големиот рефлектор и реши да се претвори во нешто како ИСИС на Запад. Со други средства, се разбира. Авионите на богатите пилоти од Силициумската долина и на фашистичкото десничарење, ги забива во кулите на сопствената моќ!

Read More

Српските студенти, нивните природни младешки порови за европска демократија, за право, правда и еднаквост, практично веќе се речиси издадени. Предадени се токму од таа самата, нели до вчера, слободна и либерална демократска ЕУ.

Read More