Author: Zoran Ivanov
Дарко Аврамовски: Интерпелацијата е прашање кое што го покренуваат пратениците, а не членови на извршната власт. Интерпелацијата не значи дека по автоматизам престанува мандатот на функционерите избрани од Собранието. Би било многу подобро доколку видевме конкретен план како би се избрале новите членови на Судскиот совет, за барем да бидеме уверени дека имаме некаков план за во иднина да може да даде некои одржливи резултати. Вака извршната прави упад во судската власт. Линк
Американски сојузен судија денеска ја блокира новата Комисија за ефикасност на владата (DOGE), предводена од милијардерот Илон Маск, да има контрола врз системот за плаќање на Министерството за финансии.
Повеќе од 200.000 луѓе учествуваа во денешниот протест во Минхен против екстремната десница, соопшти германската полиција.
Мокрин: Мала автомобилска незгода се случила на службениот автомобил на српскиот претседател Александар Вучиќ додека тој се движел кон српскоот град Мокрин, пренесуваат српските медиуми. Била избегната несреќа, причината за инцидентот засега е непозната или не се соопштува. На митинг во Кикинда Вучиќ изјавил дека на автомобилот му пукнала гума.
Јанаки Митровски: Како човек кој до пред две години редовно консумирал канабис, кој се залага за негова легализација и кој застапувал стотици обвинети за канабис никогаш не сум сретнал некој да се лечи од канабис во Бигорски. Канабис е лесна супстанца, на Листа IV од забранети (најлесна) и не знам кој ги советува родителиве но не им прави услуга. Во Бигорски се знае што се лечи!
Уште еден „црн петок“ за маркетите во Северна Македонија. Поради бојкотот поттикнат преку социјалните мрежи, вчера, јави УЈП, прометот е помал за 22.12 % од неделниот просек.
Џафери фрли „бомба“. Како (не) реагираше јавноста и што (не) одговори Министерството за одбрана?Ваквото игнорирање на темата е крајно симптоматично. Дали се работи за неразбирање на тежината на податоците што ги изнесе Џафери или, не дао бог, постои некакво нареѓење …
Тројца израелски заложници кои ги држеше палестинското исламистичко движење Хамас се предадени на тимот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст – МКЦК кој отиде во Газа, соопшти Израел.
Американски федерален судија привремено го блокираше од страна на владата на Доналд Трамп планираното принудно „отсуство“ на 2.200 вработени во Агенцијата за меѓународен развој – УСАИД.
Трите балтички држави во саботата ги исклучија своите електроенергетски системи од енергетската мрежа на Русија, соопштија операторите во регионот, дел од планот дизајниран за поблиска интеграција на земјите со Европската унија и зајакнување на безбедноста.
Џуно: Пронајдени се остатоците од малиот авион што завчера се урна во западна Алјаска, а сите 10 лица кои биле во него се загинати, соопштија властите.