Author: Zoran Ivanov
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој бара средба со американскиот претседател Доналд Трамп, во вторникот рече дека ќе биде потребен контингент од најмалку 200.000 европски мировници како дел од секое решение за ставање крај на војната со Русија.
Путин вчера свикал итен состанок на Советот за безбедност: Русија е подготвена за преговори со Трамп
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен да разговара со САД за војната во Украина, но постави крајно барање – целосно предавање на Украина, според американскиот Институт за проучување на војната -ISW во најновиот анализа.
Собранието во попладневниот дел од 31-та седница го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата во трето читање, откако претходно беше изгласан последниот од шесте поднесени амандмани, од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.
Репортерот на Ен еден телевизија рече дека говорот му личел на писмена задача на некој ученик на гема “Пролетта во моето село”. Или така некако. Заедно со елементарни контрадикции: мир и слобода заедно со вонредни состојби на границата и во енергетскиот сектор, плус на границата со војска. И решение за два пола. Машки и женски. Трамп и Венс така решиле.
Лидерите на ЕУ му посакаа успех на Доналд Трамп во неговиот втор мандат како претседател на САД.
По свечената заклетва, новиот американски претседател Доналд Трамп одржа и говор во Капитол во кој, меѓу другото, порача дека „почнува златното доба на Америка“.
Доналд Трамп положи заклетва како 47-ми претседател на САД, отворајќи уште еден турбулентен четиригодишен мандат со ветувања дека ќе ги помести границите на извршната власт, ќе депортира милиони имигранти, ќе обезбеди одмазда против неговите политички непријатели и ќе ја промени улогата на САД на светската сцена.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој денеска ќе ја преземе функцијата, пристигна во Белата куќа со сопругата Меланија, каде ги пречека шефот на државата во заминување Џозеф Бајден и неговата сопруга Џил.
Стотици луѓе се собраа во Ротонда на зградата на американскиот Капитол чекајќи Доналд Трамп да положи заклетва како 47-ми претседател на САД. Церемонијата директно ја пренесуваат големите американски телевизиски мрежи.
Палестинската милитантна група Хамас, која ја контролира Газа од 2007 година, во својата најнова порака рече дека Газа и нејзиниот народ „ќе се кренат повторно“ и дека ќе ја обноват територијата во голема мера уништена од израелските напади.
Венко Филипче: Политиките на Мицкоски и ДПМНЕ го срозија животниот стандард. Владините мерки доживеаја дебакл, продолжија ценовните шокови, трошоците за живот растат, а платите стагнираат. Наместо на страната на граѓаните, власта застана на страната на големите трговци. Недозволиво е богатење на грбот на граѓаните, а токму тоа се случи, големите трговци се збогатија, кошниците на граѓаните останаа празни. Ароганцијата и инаетот на Мицкоски и ДПМНЕ оди на штета на граѓаните. Власта упорно ги одбива предлозите на СДСМ за укинување на ДДВ за храната и раст на минималната плата, кои се единствени реални мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните.…