Author: Zoran Ivanov
Руските медиуми јавија за голем напад на украински беспилотни летала врз регионот Тамбов, кој, според достапните информации, бил насочен кон фабрика за барут во селото Кузмино-Гат.
Вашингтон: САД денеска, во последните денови од мандатот на претседателот Џо Бајден, воведоа нови санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина, насочени кон речиси 100 ентитети, вклучително и енергетскиот и банкарскиот сектор на Русија.
Се сретна со тогашниот претседател на македонското Собрание, ја поддржува ЕУ перспективата на регионот, порачуваше дека Договорот од Преспа мора да се почитува, но и сметаше дека ратификација на меморандумите не е итна, МИА анализира, кој е кандидатот за претседател на Грција Константинос Тасулас, кој за помалку од два месеци се очекува да ја преземе функцијата шеф на државата и какви беа неговите ставови во однос на нашата земја.
Џо Бајден, претседател на САД во заминување, во проштално обраќање синоќа од својот кабинет во Белата куќа предупреди дека во Америка се формира „опасна“ олигархија која е закана за демократијата и слободниот свет.
Прес на Џо Бајден на кој на прашањето кој е заслужен за примирјето меѓу Израел и Хамас – тој или Трамп, Бајден одговори: „Се шегувате?
Владата на Израел се очекува вечерва да гласа за договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.
Марина Тунева: Социјалната инклузија во современите општества е еден од клучните принципи за постигнување рамноправност и правда. Сепак, во Северна Македонија ранливите групи сè уште се наоѓаат на маргините на политичката комуникација и медиумското информирање. Ова го покажа и истражувањето за инклузивните интернет портали и изборното рекламирање во земјава подготвено во рамки на проектот „Пари, медиуми и избори во Северна Македонија“ на.Меѓународната фондација за изборни системи – IFES. Наместо да се претстават како активни учесници во општеството, маргинализираните групи од политичките актери се портретирани како жртви или лица кои имаат потреба од помош. Дополнително, медиумите ретко ги преиспитуваат политичките наративи…
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Израел и Хамас постигнале договор за прекин на огнот и за заложници што ќе стави крај на борбите во Газа и ќе ја зголеми хуманитарната помош за палестинските цивили.
Претседателот на Алијансата за Албанците и министер за здравство Арбен Таравари е поканет да учествува на церемонијата на инаугурација што ќе се одржи на 20 јануари 2025 година во Вашингтон објaвија медиуми на албански јазик кои тврдат дека веста е веродостојна.
Јужноафриканските власти извлекоа најмалку 60 тела од окното на затворениот рудник за злато на повеќе од два километра под земјата, каде што се стравува дека има повеќе заробени, по опсадата како дел од борбата против нелегалното ископување.
Жителите на Газа и во повеќе израелски градови вечерва на улиците го слават договорот меѓу Хамас и израелската делегација за постепен прекин на огнот и размена на заробеници.