Author: Zoran Ivanov
Мицкоски вели дека е подготвен во секое време да разговара со кој било политички актер, кој има каква било идеја, која води кон национално помирување за државните стратешки интереси. На масата има две понуди, една од Димитриевски и една од Филипче. Доколку неговата подготвеност не се види на дело, ќе биде јасно дека станува збор за уште една медиумска мантра за залажување на граѓаните, кои од избори на избори ја губат довербата дека Македонија може да биде пристојно место за живот.
Украински дрон погоди голема рафинерија за нафта во Нижнекамск во Татарстан, потврди шефот на украинскиот центар за борба против дезинформации, Андриј Коваленко. Вработените беа евакуирани поради нападот, а на снимката се гледа како чад се издига од местото.
Во пожарите што веќе цела недела беснеат низ Лос Анџелес загинаа најмалку 16 луѓе.
Шест лица загинаа во експлозија на плинска боца во ресторан во градот Мост, на северозападот на Чешка, при што била запалена зградата, соопшти денеска итната помош.
Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Мексико, во близина на брегот на Мичоакан. Поѕтресот се случил во 2 часот и 33 минути, по локално време, на длабочина од 91,1 километар.
Од 09.30 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато, соопштија од Ј.П. Македонијапат.
Со или без „нова агенда“, анкетите на јавното мислење покажуваат дека мнозинството Руси се за почеток на преговори, потпишување мировен договор и завршување на војната со Украина. Драган Мишев Многумина меѓу руската „елита“ се разочарани што војната на Москва против Украина не заврши во 2024 година. Рускиот независен медиа аутлет Медуза за ова дознава од повеќе извори: два извори блиски до администрацијата на Путин; еден извор во руската влада; извор близок до раководството на владата; двајца пратеници од Државната Дума; еден сенатор и тројца високи функционери од различни региони. Како што рече изворот на Медуза во руската влада, главната емоција е разочарувањето.…
Илјадници луѓе излегоа синоќа на улиците на Братислава и другите градови низ Словачка за да го покажат своето противење на приближувањето на словачката Влада кон Москва и покрај руската инвазија на Украина.
Од шесте пожари што ја зафатија областа на Лос Анџелес, три се ставени под контрола, а 50 отсто или повеќе од областа под оган е изгасната, додека најголемиот пожар во Пацифик Палисајдс се уште е не е под контрола, како ниту пожарите во Итон и Арчер.
Бранко Тричковски: Така што имам наталожености кои ми дозволуваат на развојот на ситуацијата да гледам како на егзил во кој оди татковината. Таа самата себе се прогонува, се изместува односно ја изместуваат од лежиштето, не во функција на ослободување од себе, за што јас се залагам, туку во функција на тотална културна, медиумска, институционална, политичка и секаква друга деградација на сите модерни национални и државни дострели, колективни и индивидуални. Натопена е од киселите дождови на вморонските бајки и прикаски и во солната киселина на антиевропската, антибугарската и антиалбанската илузија, се откажува од себе и се распаѓа. Линк
Москва: Операторите за комуникации на Крим денеска се изложени на масовен хакерски напад, соопшти регионалното министерство за информации.