Author: Zoran Ivanov

Европскиот совет вечерва ги поддржа заклучоците за проширување на Советот за општи работи на ЕУ во кој е вклучена и Србија и ја истакна континуираната важност на проширувањето како геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот.

Read More

Едвард Џозеф: Северна Македонија не може да си дозволи да биде уште една, трета балканска катастрофа РСЕ: Поранешниот вицепремиер од партијата Демократска унија за интеграција (ДУИ) Артан Груби и еден судија се ставени на црната листа на САД. Гледате ли ефект во Северна Македонија од ставање на поединци на црната листа? – Во една смисла може да се гледа како позитивен, конструктивен и разбирлив чекор. Истовремено, разочарувачки е што многу години после таканаречената транзиција гледаме потреба САД да прават вакви чекори, коишто од друга страна се неопходни и правилни. Но, да се вратиме на првиот дел. Најдобриот показател дека ваквата одлука…

Read More

Пред четири дена Груби легално ја напуштил државата, поминувајќи на пасошка контрола, иако требало да биде спречен бидејќи неговото име било ставено на стоп-листа, односно системот алармирал дека лицето треба да се запре и да не му се дозволи да излезе од државата. Дехран Муратов Кој е виновен за бегството на екс-вицепремиерот Артан Груби откако беше обелоденето дека е вмешан во злоупотреба на службената должност за проневера на над 8 милиони евра во државната Лотарија? По него и екс-директорот на Лотарија, Перпарим Бајрами, МВР распиша меѓународна потерница. Од СДСМ прашуваат дали министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе преземе одговорност…

Read More

Пукање имаше денеска во зградата на Парламентот на Абхазија, кавкаски регион поддржан од Русија, кој се отцепи од Грузија, при што еден пратеник кој беше ранет им подлегна на повредите, јавија светските агенции, повикувајќи се на прес-службата на локалното претседателство.

Read More

Досегашната нормалност – животот во масивни, етнички или национални контејнери, заедно со нивните специфични фантазми и незагрозената лиценца на бркање на земјата и сопството, се битно нарушени со глобализацијата.  Кај нас и од стравот на Македонците односно од оправданите претензиите на Албанците. Таквите општества ги слабеат своите врски со местото со тоа што големите популации им ја присвојуваат мобилноста на незабележан начин во историјата.  Бранко Тричковски Додека обожуваниот прајминистер на Нордот “ги шокира” европјаните со ставот дека местото на Македонија е во Европа и тоа веќе од утре ако Брисел ги исполни условите на комитлакот во Скопјанг, седнав да се…

Read More

Москва: Претседателот на Русија, Владимир Путин, на традиционалната прес-конференција за крајот на годината, го обвини „човекот со чудна фризура“ дека и забранил на Украина да договори мир.

Read More

Иако тоа не е дел од официјалниот дневен ред на Самитот на ЕУ што денеска се одржува во Брисел, не е исклучено дел од лидерите да го покренат и прашањето за „едностраните потези“ на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во врска со нејзината одлука да го потпише договорот за слободна трговија меѓу Унијата и јужноамериканската економска заедница Меркосур, потег кој таа го оцени како „историски“.

Read More

Случувањата во Сирија со падот на режимот на Башар Асад покажаа дека Русија не е непобедлива и ние мора да разговараме за тоа како можеме да обезбедиме поголема поддршка за Украина во справувањето со руската инвазија, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас при доаѓањето на денешниот Самит на Европската Унија, на кој се разговара за повеќе прашања од надворешната политика.

Read More

Изјавите на ВМРО-ДПМНЕ за „пад на популарноста“ на ДУИ не се ништо друго освен проекција на нивните сопствени несигурности. Ако барем еднаш би биле искрени, ќе ја признаат шокираноста што ја доживеаја овие денови кога ги видоа нивните интерни анкети, кои јасно покажуваат дека нивните инженерирани албански партнери се избришани од политичката мапа, реагираат од ДУИ.

Read More