Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Калас: Избрзани преговори би биле лоши за Украина  

0
By Zoran Ivanov on December 19, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 19, 2024 12:16

Случувањата во Сирија со падот на режимот на Башар Асад покажаа дека Русија не е непобедлива и ние мора да разговараме за тоа како можеме да обезбедиме поголема поддршка за Украина во справувањето со руската инвазија, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас при доаѓањето на денешниот Самит на Европската Унија, на кој се разговара за повеќе прашања од надворешната политика.

Секое инсистирање на преговори за брзо време, всушност ќе биде лошо за Украина. Сите други актери во светот внимателно гледаат како ние се справуваме со ова и затоа мора да бидеме силни, рече Калас.

Таа потенцира дека ЕУ разговара со своите американски партнери за поддршката за Украина, која, како што рече, не претставува милосрдие, туку инвестиција во безбедноста и затоа членките на Унијата треба да разговараат како да му помогнат на Киев, но и како самите да ја зајакнат својата одбрана.

Според неа, ЕУ мора да ја сфати својата моќ како голема сила и дека мора да дејствува силно за да биде сфатена сериозно на глобалната сцена.

Имаме борба меѓу силите кои сакаат светски поредок во кој моќта ќе го креира правото и од другата страна е Европската Унија со нејзините сојузници, кои го почитуваат владеење на правото и сакаат свет базиран на правила. Тие што ја имаат моќта не можат да прават што сакаат. Тоа е навистина тешка борба и ние мора да останеме единствени, рече Калас.

Таа нагласи дека гледаме оти актери, како Русија, Иран и Северна Кореја, соработуваат во обезбедувањето воена моќ и дека ја гледаме Кина како подзатскриено, користејќи ја економијата, работи против Европа, која не смее да ја потценува својата моќ. – Ние сме голема сила, само ако дејствуваме заедно, порача Калас.

Во врска со најавите на идниот американски претседател, Доналд Трамп за воведување на царини за европските производи, Калас порача дека мора да биде јасно дека никој не може да биде победник во една трговска војна.

Ако започнеме трговска војна со САД и американските граѓани нема да имаат корист од тоа. Затоа треба да бидеме многу внимателни, порача Калас.

Според неа, ЕУ и САД треба да се здружат во справувањето со нефер трговските парктики на Кина, бидејќи ако тие започнат меѓусебна војна на тоа „би се смеел само Пекинг“.

Запрашана за иднината на Сирија и односот на Турција кон сириските Курди, Калас потенцира дека во земјата живеат различни етнички и верски групи, меѓу кои се и Курдите, и во интерес на сите нив, но и на земјите од регионот, вклучително и на Анкара, е изградба на стабилна држава, во која ќе владее мир и ќе нема граѓанска војна.

Многу е важно да работиме заедно со регионалните партнери за да ја пренесеме оваа порака, како и да ја пренесеме пораката дека ако се преземат чекори во вистинска насока од сириска страна, тогаш и ние од наша страна ќе бидеме расположени да преземеме чекори за одново да ја изградиме земјата, порача Калас.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.