Author: Zoran Ivanov
Вероника Бучковска е именувана за в.д. директорка на Агенцијата за филм, одлучи Владата. Доаѓа на местото на Даниела Станковска Плачковска, која неодамна поднесе оставка од функцијата.
Кица Колбе: Гледајќи го повторно овој филм на Манчевски ми стана јасно дека од таа чудесна игривост и шифровитост на приказната во овој филм, тој во филмовите кои следеа по „Пред дождот” небаре направи манир. Ми се чини дека секоја негова нова приказна е сѐ поконстрирана, а со тоа и сѐ похерметична. Тоа што во овој филм е „живо” поврзано со поетската димензија на приказната, веќе во филмот „Прашина” стана артифициелност. Восхитувајќи се на несомненото мајсторство и луцидноста во композијата на кадрите, си помислив дека е штета што Милчо Манчевски своето мајсторство зад камерата не го примени во филм според туѓо сценарио. Исто толкава штета е…
Урсула Фон дер Лајен: Дел од напорите за постепена интеграција на регионот Западен Балкан во единствениот европски пазар, во октомври 2020 година ЕК го промовираше Економскиот и инвестициски план вреден 30 милијарди за изградба на патишта, железници, електрични мрежи, и широкопојасен интернет, а минатата година го изработи Планот за раст вреден шест милијарди евра, кој ќе овозможи приближување на западнобалканските економии кон блокот и удвојување на нивната големина во оваа деценија. Линк
Треба максимално да го искористиме новиот моментум и да ги создадеме сите услови потребни за проширување на ЕУ, затоа што нема сомнеж дека иднината на Западниот Балкан е во нашата Унија, порача вечерва претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на прес-конференцијата по завршувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан, на кој учествуваше и премиерот Христијан Мицкоски заедно со лидерите на членките на Унијата и на земјите од регионот.
Фон дер Лајен потсети дека како дел од напорите за постепена интеграција на регионот во единствениот европски пазар, во октомври 2020 година ЕК го промовираше Економскиот и инвестициски план вреден 30 милијарди за изградба на патишта, железници, електрични мрежи, и широкопојасен интернет, а минатата година го изработи Планот за раст вреден шест милијарди евра, кој ќе овозможи приближување на западнобалканските економии кон блокот и удвојување на нивната големина во оваа деценија. Треба максимално да го искористиме новиот моментум и да ги создадеме сите услови потребни за проширување на ЕУ, затоа што нема сомнеж дека иднината на Западниот Балкан е во…
Шефот на руските сили за радијација, хемиска и биолошка одбрана беше кренат во воздух во 6:12 часот, наводно, следен од украинските служби преку пренос во живо.
Ана Чупеска: Во случајов се чини дека власта не се бори против криминалот имајќи предвид дека Груби е избеган од една страна, од друга страна тоа е доволно добар сомнеж дека можеби ДПМНЕ работи за Груби, односно му направило некаква услуга тој да избега надвор од границите, рече потпретседателката на СДСМ. Од таа работа произлегува идниција, прво дека ДПМНЕ не е способно и не е кадарно да спроведе акции од ваков тип како што помпезно ги најавува. Второ дека постои голема веројатност дека ова бегство на Груби, е впрочем помогнато од ДПМНЕ. Како трето тоа укажува дека станува збор за…
Руте: Командата на НАТО во Германија за координирање на воената помош за Украина е веќе е оперативна
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави дека новата команда на Алијансата во германскиот град Визбаден почна да ја координира западната воена помош за Украина.
За бегството на Груби во Косово се води активна истрага, а денеска по вторпат на распит во полициската станица Карпош беше повикан почесниот конзул на Косово во Македонија, Арсим Папранику.
МВР соопшти дека се преземени дисциплински мерки за двајца полициски службеници од граничниот премин „Долно Блаце“ во врска со преминувањето на Артан Груби на државната граница. Едниот, полицискиот службеник Б.Ј., според МВР, со своето несовесно работење не извршил адекватни проверки на патничкото возило „мерцедес“ со кое се превезувал Груби и не го евидентирал за остварување излез од државата. Патниците од предметното возило, А.П. со дипломатска патна исправа како возач и А.Г. со македонска патна исправа како совозач, полицискиот службеник Б.Ј. ги завел дека пешки ја поминале границата.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за францускиот весник Ла Паризиен, во кое зборуваше за можноста за преговори со Русија за примирје во Украина и за најавите од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за крај на војната, изјави дека нема да поддржи замрзнување на конфликтот со Русија за да се забрзаат мировните преговори, нагласувајќи ја својата посветеност на заштитата на украинските интереси и територијалниот интегритет.