Author: Zoran Ivanov
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев подготвува нови воени дејствија на фронтовската линија и решително одговара на секој руски напад.
Нуклеарната централа Запорожје во Украина е во пламен, изјави Дмитро Орлов, градоначалник на блискиот град Енергодар.
Чачак: Во Србија на патот Чачак–Крагуевац, во близина на селото Бечањ, утринава околу 6:40 часот се судрија автобус и патничко возило. Ова е втора тешка сообраќајна несреќа во Србија по вчеранката кај Сремска Митровица. Две лица загина, а најмалку две се повредени; по ударот, автобусот излетал од коловозот и удрил во електричен столб, соопшти српското МВР.
Град Скопје: 31,16% Аеродром – 31,50 проценти излезност Бутел – 33,10 проценти излезност Гази Баба – 27,82 проценти излезност Ѓорче Петров – 30,11 проценти излезност Карпош – 33,37 проценти излезност Кисела Вода – 31,58 проценти излезност Сарај – 36,33 проценти излезност Центар – 34,40 проценти излезност Чаир – 35,3 проценти излезност Шуто Оризари – 21,99 проценти излезност
Во неделното попладне, кревкото примирје во Газа доби најсериозен тест: Израел изведе серии воздушни удари, првенствено околу Рафа, откако го обвини Хамас дека повеќепати нападнал израелски единици долж т.н. жолта линија – зоната од која ИДФ се повлече согласно првата фаза на прекинот на огнот.
Дел од накитот од колекцијата на Наполеон е украден во грабежот во Лувр во неделата, јавија француските медиуми, а една од скапоценостите украдени утрово е пронајден во близина на музејот, објави француската министерка за култура.
Врз основа на извештаи од извршен мониторинг над изборното медиумско претставување, Советот на Агенцијата на денешната 14 седница одлучи да поведе прекршочни постапки против ТВ Компани 21-М и ТВ Шутел поради прекршување на изборниот молк во првиот круг од Локалните избори 2025, соопшти АВМУ.
Изборниот ден во првиот круг на Локалните избори 2025 започна мирно и навремено, со исклучок на десетина избирачки места за кои набљудувачите на ЦИВИЛ пријавија дека доцнењето било од 5 до 20 минути, рече Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ на почетокот на првата прес конференција посветена на мониторингот на изборниот процес.
Локалните избори се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава и досега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, изјави на прес-конференција портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Гоце Андреевски. Сепак, како што рече, МВР постапува по одредени пријави и инциденти поврзани со изборниот процес. Тој информираше дека во 9 часот на улица „Дабничка“ во Прилеп, полициски службеници лишиле од слобода две лица од Крушево – Б.Х.(72) и Д.С.(36), во врска со кривично дело поткуп при избори и гласање. Во врска со истиот настан, од МВР соопштија дека во прилепската полициска станица…
Граѓанките и граѓаните кои се соочуваат со пречки при остварување на своето право на глас можат да пријават изборни нерегуларности во ЦИВИЛ на следниве начини:
Ѕвоната денес биеја на плоштадот „Свети Петар“ додека папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката црква, три жени и четири мажи, вклучувајќи го и првиот светец од Папуа Нова Гвинеја, венецуелски „доктор на сиромашните“ и калуѓерки.
Како што информира портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, до 13 часот се пристигнати податоци од 3.207 избирачки места, односно од 92,31 од избирачките места. Вкупниот број запишани избирачи од кои се пристиганти податоците е 1.666.298, а од нив гласале 335.244.
