Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Си-Ен-Ен: Гори нуклеарната централа Запорожје по рускиот напад

0
By Zoran Ivanov on October 19, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 19, 2025 16:38

Нуклеарната централа Запорожје во Украина е во пламен, изјави Дмитро Орлов, градоначалник на блискиот град Енергодар.

Закана за светската безбедност!!! Како резултат на немилосрдното гранатирање од страна на непријателот на зградите и блоковите на најголемата нуклеарна централа во Европа, нуклеарната централа Запорожје гори!!! објави Орлов на Фејсбук.

Со сличен апел на Твитер се огласи и шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба, кој бара прекин на огнот за да можат пожарникари да интервенираат.

Руската армија од сите страни пука врз нуклеарната централа Запорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа. Веќе избувна пожар. Ако експлодира, ќе биде 10 пати поголема експлозија од Чернобил! Русите мора ВЕДНАШ да го прекинат огнот, да дозволат пожарникари да воспостават безбедносна зона!, напиша тој на Твитер.

Руските војници се обидоа да влезат во градот со тенкови и да ја заземат централата, но жителите и работниците беа видени како се собираат околу централата и нејзините околни патишта во средата, јави Би-Би-Си.

Украина има четири активни нуклеарни централи, вклучително Запорожје. Во земјата се управува и со нуклеарен отпад на локации како Чернобил, кој сега е под руска контрола. Меѓународната агенција за атомска енергија претходно денеска соопшти дека се консултира со Украина „и други со цел да и се обезбеди максимална можна помош на земјата додека се обидува да ја одржи нуклеарната безбедност во сегашните тешки околности“.

Портпаролот на нуклеарната електрана Андриј Туз, за ​​украинската телевизија изјави дека гранати паднале директно врз електраната во Запорожје и запалиле еден од шесте реактори на централата. Тој реактор се реновира и не е во функција, но внатре има нуклеарно гориво, рече тој, пренесува Хина.

Пожарникарите не можат да се приближат до огнот затоа што се пука во нив, рече Туз.

Владин претставник изјави за Асошиетед прес дека во близина на локацијата на централата евидентирано е зголемено ниво на радијација. Тој зборувал под услов да остане неименуван бидејќи информацијата се уште не е објавена во јавноста, пренесуваат западни медиуми.

Туз рече дека итно е потребно да се прекинат борбите за да биде изгаснат пожарот.

 

гори Запорожје нуклерна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.