Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прес на ЦИВИЛ: Мирен старт на изборниот ден, познати слабости – изборниот молк и пристапноста остануваат предизвици

0
By Zoran Ivanov on October 19, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 19, 2025 15:20

Изборниот ден во првиот круг на Локалните избори 2025 започна мирно и навремено, со исклучок на десетина избирачки места за кои набљудувачите на ЦИВИЛ пријавија дека доцнењето било од 5 до 20 минути, рече Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ на почетокот на првата прес конференција посветена на мониторингот на изборниот процес.

Доцнење со отворањето на избирачките места се бележи во Скопје, Битола, Кичево и други општини низ целата земја. Причините се различни, вклучително и слаба интернет врска, неусогласеност на времето на фингерпринт апаратите, а на неколку места се бележи неусогласеност на бројот на гласачи. Излезноста на гласачите, според ДИК е 3% до 9:15 часот.

Непристапни места се бележат на најмалку две места, и тоа во Скопје и Крушево каде што има избирачки места на горниот спрат од установите каде што се гласа.

„Зачудува фактот што изборната администрација никако не успева да ги организира сите избирачки места да бидат пристапни за сите граѓанки и граѓани“, коментираше Дерала.

Тој го коментираше и кршењето на изборниот молк.

„Што се однесува до изборниот молк – како и секогаш – како да не постои. Како да нема законска забрана за пропаганда“, изјави Дерала.

Според мониторингот на ЦИВИЛ, од досега обработените извештаи, изборниот молк најчесто се крши на социјалните мрежи каде што партиски функционери, кандидати и активисти без никаква резерва цел ден и цела ноќ водеа кампања. Спонзорираните содржини од кампањата на социјалните мрежи продолжија. Исто така, долгорочните набљудувачи на ЦИВИЛ бележат и помали собири на јавни места. Кршење на изборниот молк се бележи и кај еден интернет медиум кој објави резултати од вчерашното гласање на болните.

Во текот на утрото дојде и пријава од една граѓанка дека имало делење пари на една локација во Скопје, но оваа пријава не беше верификувана од неутрални извори.

ЦИВИЛ – Центар за слобода почна со мониторингот на изборниот ден во 6:30 наутро, кога со работа почна и аналитичкиот тим на организацијата кој постојано ги обработува и верификува добиените пријави од теренот, како од набљудувачите, така и од граѓанките и граѓаните низ целата земја.

Организацијата спроведува долгорочен мониторинг во претходните три месеци, а денеска на терен се распоредени околу 60 набљудувачи со акредитација од Државната изборна комисија.

Прес конференциите ќе се емитуваат во живо на Фејсбук страната и Јутуб каналот на ЦИВИЛ, а редовни извештаи ќе се објавуваат и на веб страниците ЦИВИЛ Медиа на македонски и Дрејт на албански, додека меѓународната јавност ќе биде информирана преку веб страницата CIVIL Today на англиски. Видео обраќањата ќе бидат на македонски и албански.

Онлајн прес конференции ќе се одржат во 11:00, 14:00 и 17:00 часот. По затворањето на избирачките места, извештај и првична оценка на изборниот ден ќе има во 21:00 часот. Во меѓувреме, на медиумската платформа на ЦИВИЛ цело време ќе се објавуваат извештаи на македонски, албански и англиски јазик. Мониторингот на ЦИВИЛ се спроведува во рамките на „Демократски навигатор“, проект кој претставува стратешки одговор на дезинформациите и хибридните закани, со фокус на изборниот процес.

Сите медиуми се добредојдени да ги преземаат содржините на ЦИВИЛ со молба да се наведе изворот. ЦИВИЛ ќе отвори и Зум линк за видео комуникација со медиумите од 14 до 21 часот, за специјални изјави и интервјуа во периодите меѓу редовните и вонредните извештаи за јавноста.

 

избори прес Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 27, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

ВЕСТИ May 27, 2026

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испратил итно писмо до американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи го на…

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.