Author: Zoran Ivanov
„Македонските судбоносни и идентитетски премрежја“ беше темата на 12. Меѓународна тркалезна маса што се одржуваше на 17 и 18 октомври во Пула. Учествуваа академик Љуpчо Коцарев, директорката на Македонскиот културен центар во Загреб Мими Ѓоргоска-Илиевска, историчарите Драгица Поповска, Теон Џинго и Ицо Најдовски-Перин, лингвистот Елка Јачева-Улчар, писателот и публицист Кочо Топузоски, директорот на Македонскиот културен центар во Истанбул, Диме Ратајкоски и публицистот и продуцент Никола Ристевски. Манифестацијата почна вчера во Градската библиотека и читалница во Пула со настап на пејачката група „Деспина“, по што следуваше првата сесија од тркалезната маса. Академик Коцарев зборуваше „За колективната траума на Македонците“, професорката…
Во земјава денеска се одржуваат осми Локални избори, а четврти на кои избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје.
Прес конференција на СДСМ, на Снежана Калеска, Претседателска на партиската правна комисија:
Тони Науновски: Чекајте сега, мене пак нешто не ми е јасно, ако има стварно толку кршења на изборен молк, поткуп, неправилности, притисоци од режимот како што гледам и читам на ФБ вечерва и според кажаното на пресот на СДСМ, па тогаш зошто претседателот на ДИК од СДСМ не излезе јавно и не реагира, па после заедно со другите членови на дик од СДСМ и ДУИ (кои по закон мора да се мнозинство) нека дадат оставки и точка, нема да има избори утре.
Најавениот протест против американскиот претседател Доналд Трамп почна во Њујорк, како прв од повеќе од 2.500 собири, што денеска се организираат низ САД.
Попладнево во Кочани се одржа 27. „Марш за ангелите“ по дождливо време и според вообичаената маршрута, но без давање официјална изјава од нив, што досега беше начин на комуникацијата на родителите на починатите со јавноста.
Од вкупно 8 856 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори, до 20:30 часот гласале 7 935 гласачи. Од вкупно 2 162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, до 18:30 часот гласале 1 400 гласачи, соопшти вечерва Државната изборна комисија – ДИК.
Тони Дескоски: Урсула фон дер Лајен дојде со јасна порака, која ја формулираше и на Х: уставните измени се единствениот услов за Северна Македонија за отворање на преговорите за ЕУ членство.
Од 43 милиони евра за реформите до јуни 2025 земјата добива само 16 милиони за три реформски закони и тоа во Министерство за дигитализација, потврди во последниот извештај Европската комсија во делот за Македонија.
Кочани: Родителите кои ги загубија децата вербално го нападнаа екс градоначалникот Ратко Димитровски
Голем инцидент се случи попладнево во Кочани на Маршот за ангелите откако родителите кои ги загубија своите најмили во пожарот во дискотеката Пулс го пресретнаа обвинетиот за пожарот во Пулс, поранешниот градоначалник Ратко Димитровски, затекнат во кафеана во друштво на актуелен кандидат за градоначалник на Кочани од една партија.
Дубаи: Брод се запали во Аденскиот Залив во близина на Јемен откако беше погоден од проектил, соопшти денеска британската армија.
Непречено и без никакви проблеми и недоследности се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање, а се сместени во установите за вонсемејна грижа, соопшти попладнево Државната изборна комисија, ДИК.
