Author: Zoran Ivanov
Сериозна загриженост за независноста на судството во Северна Македонија изразува Европската комисија (ЕК) во годишниот извештај за владеење на правото. Северна Македонија имаше неколку реформски бранови во правосудството и усвои нова стратегија во правосудството за да се подобри независноста, ефикасноста и професионалноста. Сепак, независноста на судството и институционалниот капацитет да се заштити од несоодветно влијание претставуваат сериозна загриженост. Нивото на утврдената независност на судството е многу ниско“, пишува во извештајот, пренесува РСЕ. ЕК ја истакнува и загриженоста за независното функционирање на Судскиот совет. Исто така, нотира и дека одлуките за именување и судии и обвинители биле критикувани од граѓанското општество…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одржа жесток говор во американскиот Конгрес во кој апелираше САД и Израел да застанат рамо до рамо за да се спротивстават на Иран. Како што пренесува ДПА, Нетанјаху доби овации кога излезе на говорницата за да се обрати на заедничката седница на Конгресот, а пратениците постојано стануваа за да му аплаудираат во текот на речиси едночасовниот говор. Тој ги опиша САД и Израел дека се на „раскрсницата на историјата“ и оти во ова време на глобален „пресврт“ си требаат еден на друг повеќе од кога било. Денес се среќаваме на раскрсницата на историјата. Нашиот свет е…
Илјадници демонстранти кои се против израелската војна во Газа, од кои некои носеа палестински знамиња, се собраа денеска во близина на американскиот Капитол пред говорот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Конгресот.
Марио Холцнер: Морам да кажам дека сум критичен за големината, номинално околу шест милијарди евра. Ако погледнете подлабоко, четири милијарди се во заеми и само две милијарди во грантови. Ако го поделиме ова во четири години, тогаш доаѓаме до нешто околу 0,3 отсто од БДП, што е речиси занемарлива сума на пари, што нема да направат голема разлика од аспект на економски ефекти. Ако го споредиме со претходните пакети, како тој од 2020 година, кога имаше 30 милијарди евра пакет, овие шест милијарди се на некој начин само компензација за 20-те отсто инфлација последната година. Во таа смисла реалната сума…
Ги боли разоткривање на грешките што ги прават. Ги боли видливоста на измамата со која добија огромна подршка од граѓаните. И затоа според нив тој вид на разоткривање е лоша политика и наводно “дно” во политичката комуникација. Ѓорѓи Спасов Партијата на Мицковски се најде во чудо уште не почната со работа. Почна јавноста да дознава за станови на нивни министри во Шпанија, Португалија и Бугарија, се појавија министри со бугарско државјанство и бизниси во Бугарија но кои се против внесувањето на Бугарите во Уставот, се открија скапите часовници на Мицковски, скапите подароци во стотици илјади евра на Јанушев, се открија…
Катманду: На аеродромот во главниот град на Непал, Катманду утрово се урна авион при полетување.
Едно лице загина, а неколку се ранети во напад на украинско беспилотно летало на траект во пристаниште во јужна Русија, изјави регионалниот гувернер.