Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нетанјаху се обрати во американскиот Конгрес: Нашата борба е и ваша борба

0
By Zoran Ivanov on July 24, 2024 ВЕСТИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 24, 2024 22:33

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одржа жесток говор во американскиот Конгрес во кој апелираше САД и Израел да застанат рамо до рамо за да се спротивстават на Иран.

Како што пренесува ДПА, Нетанјаху доби овации кога излезе на говорницата за да се обрати на заедничката седница на Конгресот, а пратениците постојано стануваа за да му аплаудираат во текот на речиси едночасовниот говор.

Тој ги опиша САД и Израел дека се на „раскрсницата на историјата“ и оти во ова време на глобален „пресврт“ си требаат еден на друг повеќе од кога било.

Денес се среќаваме на раскрсницата на историјата. Нашиот свет е во немир. На Блискиот Исток, иранската оска на терор се соочува со Америка, Израел и нашите арапски пријатели. Ова не е судир на цивилизации. Ова е конфликт меѓу варварството и цивилизацијата. Ова е конфликт меѓу оние кои ја слават смртта и оние кои се посветени на животот. За да триумфираат силите на цивилизацијата, Америка и Израел мора да бидат заедно, рече Нетанјаху.

Тој потоа го поздрави американскиот претседател Џо Бајден.

Му благодарам на претседателот Бајден за неговата срдечна поддршка за Израел. По дивјачкиот напад на 7 октомври, тој со право го нарече Хамас „чисто зло“. Испрати два носачи на авиони на Блискиот Исток за да одврати поширока војна и дојде во Израел да застане со нас за време на нашиот најмрачен час – посета која никогаш нема да биде заборавена, рече израелскиот премиер.

Но, еден од најсилните делови од говорот беше во кој тој се осврна на Иран, коментира ДПА.

За Иран, Израел е прв, Америка е следна. Значи, кога Израел се бори против Хамас, ние се бориме против Иран. Кога се бориме со Хезболах, се бориме против Иран. Кога се бориме против Хутите, се бориме против Иран. И кога се бориме со Иран, ние се бориме против најрадикалниот и најубиствениот непријател на Соединетите Американски Држави, нагласи Нетанјаху.

Нашите непријатели се ваши непријатели. Нашата борба е и ваша борба. И нашата победа ќе биде ваша победа, рече израелскиот премиер.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 27, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

ВЕСТИ April 27, 2026

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, предупреди дека без уставни измени нема вистински…

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.