Author: Zoran Ivanov

Американската потпретседателка Камала Харис денеска ја даде својата прва изјава откако претседателот Џозеф Бајден се повлече од претседателската трка и ја препорача да биде кандидат на Демократската партија на изборите во ноември, а во меѓувреме повеќе од 700 делегати на партијата изјавија дека планираат да ја поддржат на конвенцијата.

Read More

Во новите напади на израелските сили во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа загинаа десетици Палестинци, меѓу кои и жени и деца, објавија медицинските служби. Армијата го нападна источниот дел на градот при што, според неофицијални информации, се убиени најмалку 39 Палестинци, додека 80 се повредени. Израелската армија претходно ги повика жителите во источниот дел на градот веднаш да ја напуштат областа. Воени извори тврдат дека членовите на Хамас од таму извршуваат ракетни напади врз Израел. Армијата ќе преземе одлучни мерки против овие дејствија, а може да бидат опасни и за цивилите, објави армијата на Телеграм.

Read More

Американскиот милијардер, Џорџ Сорос, донираше повеќе од 15 милиони долари за поддршка на американската потпретседателка Камала Харис да биде кандидат на Демократската партија на претстојните претседателски избори. Покрај него, Харис го поддржа и филмскиот продуцент и донатор Џејми Патрикоф. Другите ќе видат дека таа е најдобрата опција за демократите да го победат Трамп – рече тој, додавајќи дека Харис ќе го „уништи“ Трамп во дебатата.

Read More

Александар Касанов е избран за заменик помошник секретар за Западен Балкан, како и за печат и јавна дипломатија во Бирото за европски и евроазиски прашања, соопшти Стејт департментот. Тој ќе го замени Габриел Ескобар, чиј мандат истече на крајот на мај. Касанов претходно служеше како извршен помошник на поранешната потсекретарка за политички прашања Викторија Нуланд.

Read More

Потпретседателката на САД, Камала Харис, собра безмалку 50 милиони долари за својата претседателска кампања за помалку од 24 часа откога американскиот претседател Џозеф Бајден објави дека се повлекува од претседателската трка и ја поддржа како претседателски кандидат, изјави портпаролот на кампањата на Бајден. Откога претседателот вчера попладне ја поддржа потпретседателката Харис, Американците дадоа донации од 49,6 милиони долари за нејзината кампања, изјавија од предизборниот тимна Харис.

Read More

Казан: Судот во Русија ја осуди новинарката на Радио Слободна Европа Алса Курмашева на шест и пол години затвор поради, како што се наведува во пресудата „ширење лажни информации за руската армија“.

Read More

Брисел: Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека на денешната средба на министрите за надворешни работи на земјите – членки на Унијата ќе се разговара за „неприфатливите“ активности на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Read More