Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повторувањето е мајка на знаењето, макар и постфестум

0
By Zoran Ivanov on July 22, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 22, 2024 21:05

Негласањето и неважечкото ливче не оставаат празно пратеничко столче.

 Кога апсолутната бројка на (не)излезени гласачи би имала улога, тогаш овој парламент би броел одвај 54% од 120, односно вкупно само 64 пратеници.

 Емилија Целаксока

Пишував и сѐ уште имам впечаток дека граѓанството во недозволиво голем дел, не ја разбира сопствената моќ во малиот, 12-часовен прозорец на неколку години, наречен „избори”. Нема цензус за избор на 120-те законодавци, што значи, може дури да се случи само 1 човек да гласа и тогаш сите 120 столчиња се пополнуваат со пратеници од партијата/здружението/движењето што го заокружил.

Ако двајца гласаат (различно), тогаш 60/60 ќе се пополнат 120-те столчиња. Ако тројца гласаат (различно), тогаш 40/40/40 ќе се пополнат. И така натаму. Партиите обезбедуваат 5-6-цифрени бројки од луѓе за да ги надминат останатите партии при гласањето, така што апсолутната бројка на гласови штом нема цензус, вклучувајќи ги и апсолутните бројки на гласови по партии – се небитни за пополнувањето на 120-те столчиња.

Битен е само соодносот. Притоа, најважното – негласањето и неважечкото ливче НЕ ОСТАВААТ ПРАЗНО ПРАТЕНИЧКО СТОЛЧЕ. Нема начин со негласање да се направи криза, т.е. помалку од 120 пратеници. Така што лутењето за Курто, Мурто, за кого, против кого, пу партии, лопови, никаквеци итн. – не вреди. Кога апсолутната бројка на (не)излезени гласачи би имала улога, тогаш овој парламент би броел одвај 54% од 120, односно вкупно само 64 пратеници.

Партиите, заради ова, а и бидејќи се финансираат од буџетот, претставуваат натрапнички елемент во системот. Доколку

  1. бројот на пратеници би одговарал на излезноста и
  2. не би се финансирале од буџетот

тогаш:

а) Под услов бројките во законите за потребните мнозинства да не се сменат, би можело:

– или една вештачка интелигенција да избере (мериторни) граѓани до 120,

– или државата да остане така слабо функционална, додека не се распишат одново избори со надеж за поголем број на исполнети пратенички столчиња.

И едното, и другото ќе дестимулира нечесни практики на партиите, како и на медиумите.

б) Би морале една со друга партија ДОБРО да се следат од каде финансии, што е добра вежба во однос на нас, граѓаните. Бидејќи сега, иако се финансираат од нашиот буџет, можат да измиксаат во буџетските и некоја црна пара, што може да им направи битна разлика во бројот на освоени столчиња (да не заборавиме дека не сме некој голем народ), што другите со око соколово би морале да го следат до детали за докази. И тоа, докази јасни и за најнеедуцираниот, без потреба од централизиран суд, туку јавно, без празно дрдорење, само докази. Вежба за добро водење држава.

Ете, го поправив системот. На фејсбук

 Од Фејзбук ѕидот на авторката

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.