Author: Zoran Ivanov

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот републикански ривал Доналд Трамп разменија неколку лични навреди во долгоочекуваната дебата, но се доби впечаток дека настапот на Бајден на моменти беше колеблив и неизвесен, додека Трамп започна со серија вербални напади. Двајцата разменија аргументи и критики за абортусот, имиграцијата, војните во Украина и Газа, нивното управување со економијата, па дури го споменаа и своето играње голф. Како што се развиваше дискусијата, се чинеше дека Бајден почна повеќе да се фокусира на нападот на Трамп, меѓу другото, нарекувајќи го „криминалец“ поради неговото убедување за прикривање тајни плаќања на порно ѕвездата Сторми Даниелс. Бајден упати…

Read More

Во рамки на дебатата за Стратешката агенда на ЕУ за периодот 2024-2029 година на денешниот Самит на Унијата во Брисел, Германија и Франција излегле со заеднички предлог за серија измени во планот што ги поставува правците на дејствување и целите на блокот за следниот период, брифираат извори кои се во тек со расправата. Според истите извори, Берлин и Париз предлагаат во делот на Агендата посветен на проширувањето да се додаде одредба дека паралелно со овој процес, треба да се постават и неопходните внатрешни основи и да се спроведат реформите за да се исполнат долгорочните амбиции на ЕУ и да се…

Read More

Со корекцијата што треба да се направи во септември пензионерите ќе го добијат првото линеарно покачување од 2.500 денари, а следното линеарно покачување, исто така од 2500 денари, ќе биде во март следната година, посочи вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и додаде дека тоа ќе биде потврдено на утрешната прва владина седница. – Пензионер кој има пензија од 15.000 денари со покачувањето во септември ќе има пензија од 17.500 денари, а со покачувањето во март идната година од 20.000 денари. Таквата пензија ќе ја добива секој месец, а првото вообичаено усогласување на пензиите со трошоците на живот ќе…

Read More

Софија: Лидерот на бугарската партија ГЕРБ и поранешен премиер на таа земја, Бојко Борисов денеска изјави дека ниту една партија во моментов не може да формира стабилна влада. Тој за новинарите изјави дека актуелната ситуација го попречува напредокот на Бугарија кон влезот во еврозоната, цел за која верува дека може да се постигне доколку има стабилна влада предводена од ГЕРБ.

Read More

Брисел: Европската Унија и Украина споделуваат заеднички вредности, како демократијата, почитувањето на човековите права и основни слободи и владеење на правото, како и заеднички интереси за мир, безбедност, стабилност и просперитет, се наведува во договорот за заеднички безбедносни обврски што денеска пред официјалниот почеток на Самитот на ЕУ во Брисел го потпишаа претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен и шефот на украинската држава Володимир Зеленски. Посветени на овие заеднички вредности и интереси и во согласност со заклучоците на Европскиот совет од јуни, октомври и декември 2023 година и Заедничката декларација за…

Read More

Салиу очекува со ребалансот на буџетот да биде прифатено неговото барање за акциските планови за вдомување, вработување, здравство и образование. „Премиерот Мицкоски знае дека животен сон ми е да ги подигнеме Ромите од вековната сиромаштија, од вековната неписменост, еден дел од Ромите се уште питачат по улиците итн. Мора да направиме законски и системски решенија кои ќе се однесуваат на ромската заедница кои ќе извршат промени во средините и населбите да се регулираат и да се отстранат оние супстандардни живеалишта, да се среди инфраструктурата, односно водоводната мрежа во ромските маала како што се Тризла (Прилеп), Баир (Битола), Топана (Скопје) итн“,…

Read More

Никица Корубин: Приказните „за внатрешна употреба“ за „репреговарање на Преговарачката рамка“ кои немаат никакво правно дејство надвор од наметнатиот јавен дискурс, логично добиваат унисони одговори веќе подолго време од сите засегнати и прозвани од нас страни – ЕУ, САД, Бугарија и Грција. И затоа треба да бидеме коректни во јавниот говор и да се држиме до реалноста, која вели: или ги почитувате превземните обврски или не ги почитувате. Нема средина. А, ако не ги почитувате, должите сериозен одговор кон сите, а пред се кон сопствените граѓани, зошто? А последиците, секако, сите заедно (ќе) ги трпиме. Линк

Read More

Бугарија ќе инсистира Европскиот совет да ги потврди своите заклучоци за Северна Македонија и да ја повика земјата да ги почитува преземените обврски за да продолжи на својот пат кон ЕУ, се вели во соопштението за печатот на Советот на министри на Бугарија. Бугарскиот премиер Димитар Главчев денеска и утре ќе престојува во Брисел каде ќе инсистира во усвојувањето на заклучоците од состанокот на Европскиот совет да се вклучи текст за Република Северна Македонија. Главчев ќе побара од Европскиот совет да ги потврди заклучоците од 14 декември 2023 година, како и заклучоците на Советот за Северна Македонија и Албанија од…

Read More

Ла Паз: Боливискиот претседател Луис Арсе го разреши шефот на боливиските вооружени сили, генерал Хуан Хозе Зуниг, обвинувајќи го за обид за државен удар, а властите го уапсија, објави државната телевизија. Армијата под команда на Зуниг донесе оклопни возила и војници на централниот градски плоштад во Ла Паз во обид да изврши државен удар и да упадне во претседателската палата. Тензиите во Боливија се зголемуваат пред општите избори во 2025 година, при што левичарскиот поранешен претседател Ево Моралес планира да се кандидира против својот поранешен сојузник Арсе, што предизвика голем раскол во владејачката социјалистичка партија и политичка неизвесност. Многумина не…

Read More