Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Берлин и Париз со заеднички предлог за измени на Стратешката агенда на ЕУ

0
By Zoran Ivanov on June 27, 2024 ВЕСТИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 27, 2024 21:54

Во рамки на дебатата за Стратешката агенда на ЕУ за периодот 2024-2029 година на денешниот Самит на Унијата во Брисел, Германија и Франција излегле со заеднички предлог за серија измени во планот што ги поставува правците на дејствување и целите на блокот за следниот период, брифираат извори кои се во тек со расправата.

Според истите извори, Берлин и Париз предлагаат во делот на Агендата посветен на проширувањето да се додаде одредба дека паралелно со овој процес, треба да се постават и неопходните внатрешни основи и да се спроведат реформите за да се исполнат долгорочните амбиции на ЕУ и да се решат клучните прашања поврзани со нејзините приоритети и политики, како и да се зајакне нејзиниот капацитет за акција во услови на новата геополитичка реалност и се покомплексните предизвици.

Во врска со климатската политика се предлага да се додаде дека Унијата ќе продолжи со имплементација и понатамошен развој на Зелениот договор, а во делот на политиката на конкурентноста, според германско-француската идеја се предлага преразгледување на европските правила и практики за конкуренција и да се дозволи формирање конзорциуми и консолидација во клучните сектори со цел да се зајакне европската отпорност.

Берлин и Париз предлагаат во делот за одбраната да се додаде дека „посилна и поспособна Европска Унија во областа на безбедноста и одбраната позитивно ќе придонесе за глобалната и трансатлантската безбедност и ќе биде комплементарна со НАТО, кој останува „основата на колективната одбрана за нејзините членки“.

Во исто време, чешкиот премиер Петр Фиала на платформата Икс објави дека во рамки на Стратешката агенда, ЕУ во „текот на следните пет години мора да се фокусира на безбедноста и конкурентноста“.

Треба ефикасно да се справиме со миграцијата, да ја намалиме бирократијата и да го намалиме обемот на регулативи што ги засегаат граѓаните и бизнисите, наведе Фиала во објавата.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.