Author: Zoran Ivanov
Лондон: Викиликс соопшти дека неговиот основач Џулијан Асанж го напуштил британскиот затвор и полетал од Обединетото Кралство откако американските обвинители рекоа дека тој треба да се изјасни за виновен оваа недела за кршење на американските закони за шпионажа, во договор што може да му овозможи да се врати дома во Австралија. Асанж, чија сага трае речиси 15 години, се согласи да се изјасни за виновен пред американското правосудство за да биде ослободен по пет години минати во британски затвор во очекување на екстрадиција во САД. Се очекува утре тој да се појави пред американскиот федерален суд на Маријанските острови. Потоа…
Џелал Незири Христијан Мицковски е 13-ти премиер на 20-та Влада на државата. Прв беше Никола Кљусев, а потоа Бранко Црвенковски со два мандата и Лубчо Георгиевски со еден мандат. По него, во 2002 година, Црвенковски повторно се враќа на власт, започнувајќи го третиот мандат, за да му отстапи место на Хари Косотви во средината, па следува Радмила Шекеринска за на крајот мандатот да заврши со Владо Бучковски. Во 2006 година на власт дојде ВМРО-ДПМНЕ со Никола Груевски на чело, кој ја водеше владата во три мандати. Во 2014 година технички премиер е Емил Димитриев, а потоа кормилото го презема Зоран…
Доколку има политичка волја и вистинско читање на нештата, промена на преговарачката рамка со ЕУ е можна, рече вечерва претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Во гостување на Телевизија 24, Мицкоски вели дека потребни ќе бидат гаранции дека нема да има дополнителни билатерални услови од Софија со посредништво на Европската унија. Патот по кој се одеше досега не поминува кај народот. Направена е грешка и треба да се бара решение. Подготвени сме да седнеме и да најдеме решение со новата влада во Бугарија. Да разговараме за се, за можните ризиици… Неприфатрливи се изјавите дека уште ова треба да го направите и…
Одржувањето односи со рускиот претседател Владимир Путин е некомпатибилно со заедничката европска иднина, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на прес-конференција по состанокот на европските министри за надворешни работи во Луксембург. Тој оваа забелешка ја даде по генералниот состанок со претставниците на земјите од Западен Балкан, кои очекуваат влез во Европската унија. Борел додаде дека ЕУ е подготвена да ја прошири својата поддршка во регионот и очекува овие земји да ги следат европските одлуки во областа на одбраната и надворешната политика, во однос на Украина и санкциите против Русија. Во одговор на прашање,…
Вашингтон: Северна Македонија не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе, но прави значителни напори да го стори тоа. Владата покажа севкупни зголемени напори во споредба со претходниот период на известување и затоа Северна Македонија остана на ниво 2, стои во извештајот за трговијата со луѓе што денеска го објави американскиот Стејт департмент, пренесува Гласот на Америка на македонски јазик. Официјални лица и набљудувачи продолжуваат да пријавуваат дека полициските службеници кои се ниско рангирани може да бидат соучесници во трговијата со луѓе, вклучително и криење докази, примање мито, менување на патролните рути во корист на сторителите,…
Мирче Јовановски Станува збор за одржлив инфраструктурен фонд со седиште во Луксембург и фокусиран на проекти за обновливи извори на енергија, со советодавен тим со седиште во ОАЕ „Алказар енерџи“, одржлив инфраструктурен фонд со седиште во Луксембург и фокусиран на проекти за обновливи извори на енергија во обем на комунални услуги на пазарите во развој, со советодавен тим со седиште во Обединетите Арапски Емирати, е инвеститорот што ќе го гради ветерниот парк во Македонија, инвестиција која бомбастично ја најави уште во предизборната кампања штотуку избраниот премиер Христијан Мицкоски. За утре во Скопје е најавена и прес конференција на која ќе…
Јавноста сведочеше, медиумите запишаа: „Мицкоски попушти, даде заклетва со уставното име“. Сето друго што беше кажано во неговите настапи во Собранието на седницата на која беше избрана нивата влада, како „срамната придавка“, „срамот“, „моето семејство и моите неродени внуци и на тие по нив“, „додека сум жив“, „неправда“, „капитулација“… Сето тоа е само политички маркетинг за да си го одржува рејтингот меѓу неговите гласачи. Зоран БОЈАРОВСКИ Како што најавуваме, Мицкоски брзо научи една лекција од реална политикa – компромисот. Благодарение на таа лекција ставот „мое човеково право да ја нарекувам државата Македонија“, се претвори во компромисот, односно во единствената…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими премиерот Христијан Мицкоски и членовите на новоизбраната Влада, при што упати честитки за нивниот избор, посакувајќи им успешна работа во исполнувањето на стратешките цели на државата, економски напредок и подобрување на животниот стандард на граѓаните, соопшти нејзиниот кабинет. Претседателката изрази очекување од новиот владин состав совесно, чесно и одговорно да ја реализира поставената програма за работа, во согласност со македонските национални интереси и интересите на граѓаните. Новата Влада што ја предводи Мицкоски беше избрана синоќа во Собранието со 77 гласа „за“ и 22 гласа „против“. Владината коалиција ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, партиите од коалицијата…
Мека: Бројот на починати за време на овогодинешниот аџилак во Мека се зголеми на 1.301, изјави министерот за здравство на Саудиска Арабија Фахад Ал Џалаџел. Министерот, чии зборови ги пренесе државната телевизија, рече дека причината за смртта е пешачење на долги растојанија под директна сончева светлина без соодветна заштита, а меѓу загинатите има многу стари лица и оние кои боледуваат од хронични болести. Околу 83 отсто од смртните случаи се оние на кои не им било одобрено за аџилак, рече саудискиот министер.
Европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеји упати честитка до премиерот Христијан Мицкоски и Владата по повод нивниот избор. Честитки до премиерот Мицкоски и членовите на новата Влада! Со нетрпение очекувам да работиме брзо со Вас за да го унапредиме европскиот пат на Северна Македонија, наведе Вархеји во честитка објавена на Икс.