Author: Zoran Ivanov
Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на „Лукоил“ откако Министерството за финансии на САД сигнализираше дека не е задоволно од договорот, нарекувајќи ја компанијата „руска марионета“ пренесува Оилпрајс.
Европската комисија денеска усвои одлука за воведување построги правила за издавање визи за руските државјани, како резултат на зголемените безбедносни ризици, саботажите и потенцијалната злоупотреба на визите.
Како се победува на избори во место во кое власта долго и не смееше да стапне – а и сега тоа го прави со специјални мерки – е доказ случајот на градот во кој животот го изгубија 64 лица, а 200 се со полесен и повисок степен на инвалидитет. Главниот обвинител овој случај го нарече „пад на целиот систем“. Е тој систем победи со многу трикови и предавства, па стана парадигма за целиот изборен процес. Па така излегува дека – сите паднавме на овие избори.
Поранешниот пратеник и министер Џевдет Насуфи му ветил на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, назначен во време на ВМРО-ДПМНЕ, 50 илјади евра поткуп за да добие пари од ИПАРД-програмата, иако не ги исполнувал условите.
Шестмина мигранти се убиени, а четири лица се повредени за време на полициска потера во близина на градот Бургас на Црното Море, јавуваат бугарските медиуми.
Украина достави до Унгарија нацрт-закон за образованието кој делумно ги адресира барањата на Будимпешта поврзани со јазичната политика во училиштата, изјави вицепремиерот на Украина, Тарас Качка.
Јане Ѓорѓиоски: Најстарите трикови никогаш не излегуваат од мода – само добиваат ново осветлување, нова камера и нови микрофони. Во древен Рим, поетот Јувенал рекол дека народот бара само две нешта – леб и игри.
Украина е во преговори за купување ракети „Томахавк“ и друго оружје, изјави украинската амбасадорка во САД, Олга Стефанишина.
Сеул: Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонско Море, соопшти утрово јужнокорејската армија.
Во моментов од работа од јавните претпријатија се отстранети вкупно 371 лице, кои или не оделе на работа или пак вршеле злоупотреба на своето работно место, а сето тоа го плаќале граѓаните. Активностите за откривање на злоупотреби во јавните градски претпријатија ќе продолжат и во наредните денови, изјави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Украински суд денес осуди руски војник на доживотен затвор за убиство на украински воен заробеник, прв таков случај од почетокот на руската инвазија на Украина.
Денеска се спроведува акција на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција – ОЈО ГОКК), во координација со Истражниот центар при ОЈО ГОКК и екипи на Министерството за внатрешни работи.
