Author: Zoran Ivanov
Претседателот на Република Северна Македонија ја претставува државата.
Претседателот на Република Северна Македонија ја претставува државата. Тој е врховен командант на вооружените сили. Своите права и должности ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите, а се бира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години.
Украинските сили продолжуваат со одбранбените операции околу северните погранични населби во регионот Харков, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски во вечерното обраќање до нацијата.
Париз: Францускиот претседател Емануел Макрон уште еднаш не ја исклучи можноста за интервенција на француската армија во Украина но истовремено изрази надеж дека неговата земја нема да мора да војува и да испраќа свои војници во војна. Како што пренесува „Украинска правда“, Емануел Макрон рекол дека во одреден момент Европејците треба да бидат подготвени да ја спречат Русија да напредува понатаму во Украина,но и дека најискрено се надева дека нема да мора да се борат. Ако сакаме мир, мораме да го заштитиме. Затоа треба да се вооружиме и затоа треба да бидеме средство за одвраќање и убедување. Ако одите предалеку…
Во Кабинетот на претседателот, утре, 12 мај, ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени почести. По свечената церемонија, новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова и претседателот Стево Пендаровски, предвидено е да остварат тет-а-тет средба. Мандатот на Пендаровски истекува утре.
Анита Ангеловска-Бежоска: Народната банка стана дел од Алијансата за финансиска вклученост АФИ, мрежа на централни банки и финансиски регулатори чија цел е да се унапреди финансиската вклученост.Вво изминатиот период, финансиската вклученост кај нас е значително зголемена, и тоа во различни демографски групи. Тоа се должи на напорите и залагањата за олеснување на пристапот до финансиските услуги, како и за финансиска едукација на населението. Според податоците објавени од базата на Светската банка „Финдекс“, процентот на населението постаро од 15 години со пристап до финансиска сметка е зголемено од 74% во 2014 година на 85% во 2021 година. Има висок раст и…
СДСМ доживеа голем пораз на изборите. И тоа е повод за сериозна загриженост, соочување со одговорноста ,за длабоко преиспитување и промени. Но, не смее да биде повод за депресија, за внатрешни поделби и за губење на надежта. СДСМ, како и многу пати до сега, но овој пат уште побргу, може одново да стане силна и голема партија која ќе победува. Потребно е од поразот да се извлечат потребните поуки, да се направат потребните промени и тој да се претвори во точка на пресврт и мобилизација. Пред следниот конгрес ќе биде добро ако изработиме сериозен извештај за работата на партијата во…
Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ денеска соопшти дека со поднесени приговори до ДИК од други политички партии за нерегуларности на избирачки места во изборните единици 5 и 6 и се прави обид да им се одземат два пратенички мандата. Шефот на изборниот штаб на Европски фронт, Арбер Адеми на прес-конференција попладнево рече дека постојат сериозни обиди со политички дил, со политички договор да има изборен инженеринг, да се поткопува демократијата и слободната волја на граѓаните и на легитимитетот“. Другите политички партии врз основа на непринципиелен политички дил и договор и газејќи врз волјата на граѓаните, на оркестриран начин поднеле…
Денеска беше остварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ биле присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Гордана Кочоска Димитриеска, како и шефот на кабинет на претседателот Владимир Нелоски, од страна не ВЛЕН присутни биле Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши. Од ВМРО – ДПМНЕ соопштија дека се договорени општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото. Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе…
Се надевам дека оние работи што се слушнаа предизборно, нема постизборно да бидат официјална позиција на новата Влада на Северна Македонија, бидејќи ако се случи ова, ќе имаме проблеми, истакна премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис во интервјуто за грчката телевизија Алфа. Тојобјасни дека и тој како опозиција не се согласуваше со Договорот од Преспа, но сега мора да го почитува во рамките на континуитетот на државата и потенцираше дека истото ќе треба да го стори и новата Влада и посочи дека со загриженост ги следи изјавите на функционерите на ВМРО, но и дека „со голем интерес“ го чека официјалниот став…
Од наша страна, немаме каде да правиме повеќе отстапки. Згора на тоа, позицијата што ја имаме е паневропска позиција. Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи својата европска перспектива, изјави вршителот на должноста премиер на Бугарија Димитар Главчев по победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова на претседателските избори. На нашите пријатели од Северна Македонија мора да им биде јасно дека ако не ги почитуваат барањата за прифаќање членство во ЕУ, тоа нема да функционира, изјави бугарскиот премиер.