Author: Zoran Ivanov
Автор: Васко Маглешов За него пишуваа „Њујорк тајмс“ и „Гардијан“. Беше еден од десетте режисери што во 2022 ги препорача угледниот американски магазин „Вараети“(„Variety“). Дистрибутери на неговите филмови се продукциските гиганти „Focus features“ и „Universal pictures“. За австралиско-македонскиот режисер Горан Столевски, светската критика не штеди пофални зборови, претставувајќи го безмалку како режисерска „егзотика“, особено во портретирањето на луѓето од маргините. Неговиот успех почнува со фестивалот „Санденс“ во 2018 година, кога краткиот филм „Види ја ти неа“ (Would you look at her) беше прогласен за најдобар краток интернационален филм. Тоа е и пресвртната точка во неговата кариера. Оттогаш станува повидлив во филмскиот свет, иако, како…
Две високи поранешни функционерки од Северна Македонија и од Бугарија, Радмила Шекеринска и Марија Габриел се меѓу оние кои се натпреваруваат да станат иден заменик на шефот на НАТО, пишува денеска бриселски „Политико“ во текстот „Првата задача на Марк Руте во НАТО: Да се најде жена за десна рака“.
Брисел: Две високи поранешни функционерки од Северна Македонија и од Бугарија, Радмила Шекеринска и Марија Габриел се меѓу оние кои се натпреваруваат да станат иден заменик на шефот на НАТО, пишува денеска бриселски „Политико“ во текстот „Првата задача на Марк Руте во НАТО: „Да се најде жена за десна рака“.
Во Белгородската област е прогласена вонредна состојба на „федерално ниво“, соопшти денеска рускиот министер за вонредни ситуации, Александар Куренков.
Женева: Светската здравствена организација (СЗО) по вторпат во последните две години прогласи вонредна состојба за јавно здравје од меѓународно значење поради мпокс (т.н.мајмунски сипаници). Одлуката доаѓа откако беше утврдено жариште на болеста во Демократската Република Конго, кое се прошири и во соседни држави, со 90 регистрирани случаи. Според генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, оваа година во Африка се регистрирани над 14.000 случаи на новиот сој на мајмунски сипаници, при што досега починале најмалку 500 лица. Мајмунските сипаници се вирусно заболување кое предизвикува осип со меурчиња. Се пренесува преку физички контакт.
Рига: Претседателот Путин е во апсолутен шок по упадот на украинските сили во Курск, изјави поранешниот руски премиер и критичар на Путин за „Би-би-си“, Михаил, додавајќи дека ова е „сериозен психолошки удар“ за Путин.
