Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Политико: Шекеринска и Габриел кандидатки за заменички на генералниот секретар на НАТО – Да се најде жена за десна рака

0
By Zoran Ivanov on August 15, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 15, 2024 11:49

Две високи поранешни функционерки од Северна Македонија и од Бугарија, Радмила Шекеринска и Марија Габриел се меѓу оние кои се натпреваруваат да станат иден заменик на шефот на НАТО, пишува денеска бриселски „Политико“ во текстот „Првата задача на Марк Руте во НАТО: Да се најде жена за десна рака“.

Пред да го започне својот нов мандат како шеф на НАТО, Марк Руте веќе минува низ неколку биографии од оние кои сакаат да бидат негова десна рака.

Актуелниот заменик, Мирчеа Џоана, кој ја извршува функцијата од 2019 година, се очекува да се повлече за да се кандидира на претседателските избори во Романија во ноември, изјавија претставници на НАТО за „Политико“.

Висок дипломат на НАТО од Западна Европа рече дека постои општ консензус меѓу сојузниците дека источноевропеец треба да биде назначен за заменик на Руте.

Разговорите во седиштето на НАТО се фокусираат на две поранешни функционерки  Северна Македонија и од Бугарија, две балкански земји кои некогаш биле под советска контрола до крајот на Студената војна, пишува „Политико“.

Можеби функцијата ќе и припадне на жена од Источна Европа, изјави поранешната портпаролка на НАТО, Оана Лунгеску.

Руте ќе го преземе кормилото на НАТО на 2 октомври, во време кога воената алијанса се стреми кон итна мисија да го поддржи источното крило со цел да спречи каква било потенцијална руска агресија. Германија, на пример, проценува дека Русија би можела да биде подготвена воено да ги нападне земјите на НАТО за пет до осум години, доколку одлучи да го стори тоа.

Поради тоа доброто познавање на „кремљинологијата“ е релевантно кога станува збор за изборот на Руте за негов заменик.

Името на поранешната министерка за одбрана на Северна Македонија, Радмила Шекеринска нашироко се спомнува, според дипломат на НАТО и висок функционер на Алијансата. Доколку биде избрана, таа ќе биде највисокиот функционер на НАТО досега од регионот на Западен Балкан надвор од Европската унија. Земјата влезе во НАТО пред четири години, а Шекеринска имаше клучна улога во нејзиното членство. Прозападната Шекеринска моментално е потпретседател на Партијата на европските социјалисти. Во едно интервју по руската инвазија на Украина, таа го отфрли тврдењето на Русија дека проширувањето на НАТО кон исток е „злобен план на Западот“. „Напротив, првично големите членки на НАТО немаа посебен апетит за проширување“, рече Шекеринска, наведува „Политико“.

Шекеринска одбила да даде коментар за информациите дека би може да да биде заменичка на Руте во НАТО:

Мајда Руге, виш политички соработник во тинк-тенкот Европски совет за надворешни односи, ја пофали како идеален кандидат.

За следниот [заменик-генерален секретар], на НАТО ќе му треба личност која е високо компетентна, „има мадиња“, паметна е за Русија и исто така ги разбира предизвиците во Западен Балкан. Радмила Шекеринска совршено се вклопува во тој профил, смета Руге, која е експерт за балканскиот регион.

Друг кандидат е поранешната вицепремиерка на Бугарија и поранешна еврокомесарка, Марија Габриел, според двајца функционери со директно знаење за нејзините планови.

„Постојат гласини околу поранешната еврокомесарка и бугарска вицепремиерка Марија Габриел“, рече Лунгеску. Габриел не одговорила на барањето за коментар.

Делегациите на Бугарија и на Северна Македонија во НАТО не ги коментираат кандидатурите. И НАТО одби да коментира.

Бугарија е во центарот на вниманието поради блиските врски на нејзините политички елити со Русија. Во април, премиерот во заминување Николај Денков предупреди во интервју за „Политико“ дека „Русија ќе стори се што е можно за да го врати своето силно влијание во Бугарија“. Софија, исто така, склучуваше договори за зајакнување на улогата на Москва како доминантен снабдувач со енергија во Југоисточна Европа, и покрај реторичката поддршка за Украина.

Сепак, и двете земји се оптоварени со проблемот на корупција.

Според Транспаренси Интернешнл, Бугарија е рангирана на 67 место во светот според Индексот за перцепција на корупцијата, а Северна Македонија е на 76 место.

Иако двете балкански кандидатки се сметаат за фаворити, има и други предлози кои ги разгледува Руте. Поранешниот летонски премиер Кришјанис Каринш, кој некогаш ја сакаше работата на Руте, се бори да биде негов заменик, според висок летонски функционер кој побарал да остане анонимен.

Според двајца дипломати на НАТО, Полска и Турција – и двете со сериозни воени капацитети – размислуваат да понудат свои кандидати. Сепак, Полска е оптоварена од внатрешните борби меѓу претседателот Анджеј Дуда и премиерот Доналд Туск.

Според Лунгеску, улогата на заменик-генерален секретар е зголемена на важност во текот на последната деценија. Примарната негова улога е да го заменува шефот и да претседава со состаноците на 32-та амбасадори во Северноатлантскиот совет двапати неделно или на кој било итен состанок, вклучувајќи го и Советот НАТО-Украина.

Во мај 2021 година, Џоана претседаваше со неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Берлин, кога на шефот на НАТО Јенс Столтенберг му беше дијагностициран Ковид, пишува „Политико“.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 26, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

ВЕСТИ April 26, 2026

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец…

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.