Author: Zoran Ivanov

Вашингтон: Локален полициски снајперски тим бил распореден во зградата од чиј покрив атентаторот Томас Метју Крукс пукал и го рани поранешниот американски претседател и актуелен претседателски кандидат Доналд Трамп за време на предизборен митинг, објави Њујорк пост, цитирајќи полициски извори. Зградата во Батлер, Пенсилванија, во која се наоѓаше фабрика за пакување стакло и пластика, локалната полиција ја користеше како „набљудувачки пункт“ за нивните снајперисти да внимаваат на заканите додека поранешниот претседател држеше говор на само околу 110-120 метри, тврдат изворите. Според нив, во моментот на пукањето полицајците биле внатре во зградата, но не на нејзиниот покрив.

Read More

Грција очигледно е дека има оружја и не мислам на оружјата што произлегуваат од самиот Договор, но најголемото оружје со кое располага е тоа што е „надзорник“ на европскиот тек на Скопје. И факт е дека не може да има никаков пристап до Европа, ниту чекор, ако не се реши прашањето преку јасна изјава на раководството на соседната земја дека ова е името на државата и важи за сите. Односно да се повтори очигледното, она што го имаат потпишано. Не бараме ништо различно. Pacta sunt servanda, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за ТВ Скај. Во интервјуто за централното вечерно издание…

Read More

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека состојбата со Буџетот е алармантна и дека недостигаат пари за што истражните органи ќе имаат многу работа во следниот период. Пари за ветеното зголемување на пензиите, вели дека ќе има. Во централниот дневник на телевизија „Сител“, Мицкоски рече дека за „Национални шуми“ каде вработените немаат земено плата четири месеци, потребни се од 250 до 300 милиони денари, за „Водовод“ од 60 до 100 милиони денари, а недостигаат и три милијарди и 700 илјади денари за земјоделците. Милијарда и 200 илјади денари, според Мицкоски, треба да се платат и по основ на казни поради тоа што…

Read More

Роберта Мецола е родена на Малта во 1979 година. Таа е европратеничка во континуитет од 2013 година, а во ноември 2020 година беше избрана за прв потпретседател на Европарламентот. По смртта на тогашниот претседател на ЕП, Давид Сасоли на 11 јануари 2022 година, Мецола стана в.д. претседател на законодавниот дом, а седум дена подоцна беше избрана за негова претседателка.   Таа е трета претседателка на Европскиот парламент по Симон Веил, која ја извршуваше оваа должност од 1979 до 1982 година и Никол Фонтен, која беше на чело на законодавниот дом на ЕУ од 1999 до 2002 година.  Мора да бидеме…

Read More

Одлуката на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп да го избере сенаторот. Џ. Д. Венс како негов потпретседателски колега ќе предизвика морници во Киjив. Републиканецот Венс од Охајо е цврст поборник на политиката на Трамп „Америка на прво место“ и е амбивалентен во однос на САД да интервенира во други држави. Тој силно се спротивстави на поголема помош за Украина и предложи Кијив да биде подготвен да и отстапи територија на Русија за да се постигне мир. Изборот на сенаторот на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп. Џ. Д. Венс како негов потпретседателски колега ќе предизвика морници во Киев, се наведува во анализата…

Read More

Тони Науновски Извесно е дека оваа влада набрзо ќе падне по што ќе има нови избори со технички влада и министри, овојпат неопходно дополнето со регулативи за демократизирање на медиумскиот дискурс, посебно телевизиите со национална концесија. Беше доволно да помине околу месец време за и најголемите скептици да се уверат во непобитните вистини и анализи кои укажуваа на тоталната политичка неукост, некомпетентност, површност, политичко лицемерие и лаги на ова и вакво ВМРО-ДПМНЕ (понатаму во текстот мицковистичко ДПМНЕ) и да дојдат до својот полн израз и во практика. Ним им се придружија и оние од ЗНАМ, кои за жал, после потсмевањето…

Read More

Џерси Сити: Нетото богатство на поранешниот претседател Доналд Трамп вчера се зголеми за повеќе од милијарда долари, бидејќи акциите на Трамп Медиа – матичната компанија на социјалната мрежа Truth Social – пораснаа неколку дена по обидот за атентат врз Трамп, кој поседува мнозински удел во компанијата.

Read More

Дваесет и тригодишната Лена Шилинг (Зелени/ЕСА) од Австрија е најмладата европратеничка во новиот Европски парламент, кој денеска почна со работа во Стразбур.

Read More

Киев: Поранешниот советник на украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Герашченко на својот Икс профил објави видео на кое вели дека Украинец облечен во цивилна облека кој користи MANPAD, пренослив систем за противвоздушна одбрана, испука ракета од неговото рамо за да пресретне руски крстосувачки проектил. На кусата снимка се гледа како украински војник пука со ракета, додека во позадина се слушаат гласови кои слават, што имплицира дека рускиот проектил е успешно пресретнат. Американскот „Њузвик“ пишува дека но не е јасно каде и кога е снимено видеото.

Read More