Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Генералниот секретар на НАТО Столтенберг: Би било тешка историска грешка да му се дозволи на Путин да доминира

0
By Zoran Ivanov on March 14, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 14, 2024 23:13

Рускиот претседател Владимир Путин започна војна обидувајќи се да ја затвори вратата на НАТО, но не успеа во тоа. Светот стана поопасен, но НАТО стана посилен, изјави генералниот секретар Јенс Сетолтенберг на денешната прес-конференцијата во Брисел на која го презентираше својот Годишен извештај за 2023 година.

Лани Финска се приклучи на семејството на НАТО, минатата недела Шведска стана 32-ри сојузник, а Украина е поблиску до НАТО од кога било досега. Така што НАТО сега е поголем и посилен, истакна Столтенберг.

Тој нагласи дека Годишниот извештај ги сумира сите различни активности и работи што се случија во рамките на Алијансата во текот на минатата година, како и главните достигнувања – зајакнатата одбрана, новите воени планови, поголемиот број сили во зголемена готовност и зголемените инвестиции во одбраната.

Доколку денеска би се одржало гласање, огромно мнозинство граѓани низ сојузничките земји би гласале за НАТО. На пример, во САД само 13 отсто би гласале против. Над 80 отсто од нашите граѓани веруваат дека Северна Америка и Европа мора да продолжат да работат заедно за нашата заедничка безбедност. Така, ширум Алијансата, поддршката за НАТО останува цврста, истакна Столтенберг.

Тој нагласи дека, според истражувањето, граѓаните на земјите членки на НАТО, исто така, продолжуваат да изразуваат силна солидарност со „храбрите Украинци“.

Низ Алијансата, вкупно две третини од луѓето сакаат нивната земја да продолжи да ја поддржува Украина. Ова е важно, бидејќи сојузниците на НАТО обезбедуваат 99 отсто од целата воена помош, додаде Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО потсети дека и во 2023 година Алијансата продолжи да обезбедува поддршка за Украина доставувајќи и артилерија, муниција, тенкови, оклопни транспортери, патролни чамци, противвоздушна одбрана, хеликоптери, дронови, радари, проектили со голем дострел, ракети и авиони Ф-16.

Неколку сојузници сега потпишаа билатерални безбедносни договори со Украина. Невидената помош од сојузниците на НАТО и помогна на Украина да опстане како суверена и независна нација. Но, на Украина и треба уште поголема поддршка и и треба сега. На Украинците не им снемува храброст, им снемува муниција, потенцира Столтенберг.

Тој истакна дека членките на НАТО имаат капацитет да и го обезбедат на Украина сето она што и е потребно, но треба да покажат политичка волја и брзо да испорачаат, бидејќи секој ден одложување создава реални последици на украинското бојно поле.

Ова е критичен момент и би било тешка историска грешка да му се дозволи на Путин да доминира. Не можеме да дозволиме авторитарните лидери да постигнат успех со употреба на сила. Тоа би било опасно за сите нас, заклучи Столтенберг.

Првиот човек на НАТО потенцира дека лани Алијансата ја постави својата одбрана на уште поцврста финансиска основа, со тоа што деветта година по ред се бележат зголемени инвестиции во одбраната низ Европа и Канада и раст на одбранбените расходи за 11 проценти.

Во 2024 година, сојузниците на НАТО во Европа ќе инвестираат вкупно 470 милијарди американски долари во одбраната. Тоа првпат изнесува два отсто од нивниот вкупен БДП. Оваа година, две третини од сојузниците ќе ја исполнат „целта од два проценти“, за разлика од само тројца сојузници во 2014 година кога договоривме зголемување на инвестициите во одбраната, рече Столтенберг.

Генералниорт секретар на Алијансата потенцира и дека новиот иновациски акцелератор на НАТО – ДИАНА двојно ќе ја зголеми својата мрежа со над 200 пунктови на двете страни на Атлантикот, кои ќе се фокусираат на решавање на најголемите одбранбени и безбедносни предизвици и на зајакнување на технолошка предност на Алијансата во области како вештачката интелигенција, кибер безбедноста и 5Г и хиперсоничната технологија.

Столтенберг нагласи дека во годината кога ја одбележува 75-годишнината од своето формирање, НАТО се наоѓа на важна пресвртница и мора да продолжи да се прилагодува за иднината.

Очекувам дека ќе преземеме дополнителни чекори за поддршка на Украина, ќе ги зајакнеме нашите ресурси и одбраната и ќе ги продлабочиме нашите партнерства низ целиот свет. Во непредвидлив свет, НАТО е важен повеќе од кога било. На нашата 75-годишнина, ќе продолжиме да го демонстрираме нашето единство, солидарност и решителност, заклучи Столтенберг.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.