Author: Zoran Ivanov
Американската амбасадорка Анџела Агелер вели дека е воодушевена и ја поздравува најавата на мандатарот Христијан Мицкоски дека в недела, при заклетвата како нов премиер, а и во настапите во странство, ќе го користи уставното име на земјава. Во интервју за „360 степени“, таа не сака да зборува за ставот на Грција, чиј премиер Кирјакос Мицотакис денеска изјави дека Договорот од Преспа предвидува едно име за севкупна употреба, а не двојна формула, коментирајќи го ставот на Мицкоски дека дома ќе продолжи земјава да ја нарекува Македонија. Интервјуто погледнете го во видеото: 360°: Амбасадорке, ви благодарам за можноста да разговарам со вас. Моето…
Осло: Норвешка, Шведска и Финска се договорија да создадат воен транспортен коридор што ќе минува низ северниот дел на секоја од трите земји, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе. Овој договор е „важен чекор“ за овие три земји, кои се веќе членки на НАТО, нагласи тој. Финска и Шведска ја напуштија својата повеќедецениска политика на необврзаност со одбранбени сојузи откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година. Финска се приклучи на Атлантскиот сојуз во април минатата година, а Шведска во март оваа година. Денес се договоривме да создадеме воен транспортен коридор низ северна Норвешка, северна Шведска и северна Финска,…
Стапката на наталитет нагло се намали во некои од најбогатите земји во светот и веројатно ќе остане ниска бидејќи економските грижи ги принудуваат луѓето да ги проценат трошоците за раѓање деца, се вели во извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Многумина во земјите-членки на ОЕЦД сега избираат дали ќе имаат деца подоцна во животот или воопшто нема да имаат, се вели во денеска објавениот извештај. „И младите мажи и жени сè повеќе ја наоѓаат смислата на животот надвор од родителството“, се додава во извештајот. Стапката на фертилитет во земјите на ОЕЦД падна на едно и пол дете…
Арсим Зеколи: Со оглед на гнојот кој Мицкоски и следбениците го имаат блуено кон ривалите како „предавници“, неговиот гест на прифаќање на Република Северна мора да се обележи како гест на карактерна капитулација. Но да почнеме по ред. Како прво и најбитно, оваа влада на Христијан Мицкоски не е реформска, туку е влада на континуитет, на политикантски, олигархиски, корупциски, криминален континуитет. Не само според изборот на министри, кои се речиси ексклузивно од камарилата на ВМРО-Груевистичка, ДУИ и СДСМ, туку и според континуитетот на истата матрица воспоставена од 2006 година – преку политиканството на лажење во предизборие и со пепел покривање во постизборието. Линк
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска остварила средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер. На средбата, соопштија од Кабинетот на Сиљановска Давкова, се разговарало за можностите за засилување на соработката меѓу двете земји, за македонските евроатлантски интеграции, како и за потенцијалите што ги нуди Стратешкиот дијалог за конкретизирање на билатералната соработка меѓу двете земји. Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодарила за севкупната поддршка од САД и ја истакнала подготвеноста за натамошно продлабочување на македонско-американското пријателство и меѓусебната поддршка во насока на реализирање на македонските надворешно-политички цели. Во тој контекст, Сиљановска-Давкова истакнала дека како стабилен партнер и докажан сојузник на САД…
Холандскиот премиер во заминување Марк Руте ќе биде следниот генерален секретар на НАТО откако сите 32 членки на Алијансата се договорија тој да го наследи Јенс Столтенберг, објави бриселскиот портал Политико. По поддршката од Унгарија и Словачка пред два дена, Романија денеска потврди дека ќе гласа за Руте, откако романскиот претседател Клаус Јоханис ја повлече својата кандидатура за шеф на НАТО. Според Политико, Руте доаѓа на чело на НАТО во критични времиња. Тој ќе ја преземе функцијата на 2-ри октомври, само еден месец пред американските избори кои, оценува Политико, ќе ја обликуваат судбината на овој воен сојуз кој служи како…
Христијан Мицкоски: Како Влада ќе мора да ги почитуваме законите и Уставот во однос на употребата на уставното име. Мојата татковина е Македонија, и при давање изјави мојата употреба на името нема да биде поинкава, но како влада ќе мораме да ги почитуваме законите и Уставот. Не можеме да се правиме наудрени дека тоа не е дел од правниот систем . Не можеме ние како влада да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите а ние да калкулираме и да имаме двојни стандарди.
