Author: Zoran Ivanov

Авганистан беше речиси целосно отсечен од остатокот од светот утрово. Интернет и телефонски услуги беа прекинати низ целата земја откако владејачките Талибанци објавија дека ќе го исклучат интернетот како дел од борбата против „неморалните активности“.

Read More

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е време палестинското исламистичко движење Хамас да го прифати мировниот план за иднината на Газа, кој тој го усогласи со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Read More

Украинските вооружени сили за време на контраофанзивната операција во реонот на Добропиља ослободија повеќе од 174 квадратни километри територија и нанесоа загуби од речиси 3.200 руски војници, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето вечерно видеообраќање.

Read More

На граѓанска трибина во Крушево, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче ја најави победата на кандидатот на СДСМ во Крушево, Томе Христоски, кој во изминатите два мандати, како што рече, го претворил Крушево во вистински пример за локален развој и функционална општина.

Read More

На граѓанската трибина во Демир Хисар, со која Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) официјално ја започна предизборната кампања за локалните избори, претседателот на партијата, Венко Филипче, рече дека за реализација на програмата и визијата која ја која ја нуди СДСМ за општина Демир Хисар, го имаат најдобриот кандидат за градоначалник, Златко Кузмановски.

Read More

Кандидатот за градоначалник на СДСМ од Куманово, Мартин Костовски и кандидатите за советници вечера пред кумановци во зградата на поранешен „Комитет“ ја презентираа програмата со која настапуваат на локалните избори. Реални, остварливи проекти за Куманово, за секое маало и улица најавија кандидатите.

Read More

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски најави дека после изборите ќе има реформи во правосудсниот систем со цел конечно во Македонија да може да се испорача правдата и да се стави крај на „длабоката држава“.

Read More

Москва: Рускиот претседател Владимир Путин денеска го потпиша законот со кој се повлекува од Европската конвенција за спречување на тортура, документ кој може да се види на веб-страницата на руската Влада.

Read More

Борче Трајковски: Сите старонови кандидати за градоначалници, одеднаш знаат се’ што им фали на општините во кои биле четири години на таа позиција. Како со магично стапче им се отвараат чакрите и ветувајќи почисти општини всушност признаваат дека во изминативе 4 години тие биле валкани, ветуваат паркови и зеленила, затварање на диви депонии, паркови и зеленила, кои, исчезнале од нивните претходни програми, а наместо нив изникнале нови депонии, и признаваат дека во изминатиот 4 годишен мандат не направиле ништо за решавање на тие проблеми, за сега, во предизбориево да настапуваат со истите ветувања како и во претходната изборна кампања, засилено…

Read More

Сузана Јошевска Анастасовска: „Дејствија кои не можат да се доведат во контекст со последицата изразена преку кривичното дело Тешки дела против општата сигурност од чл.292 од КЗ ,не беа предмет на ова обвинение,“

Read More