Вашингтон: Главниот портпарол на Пентагон, Шон Парнел, објави на мрежата X дека авионот на министерот за војна морал да изврши непланирано слетување поради пукнатина на шофершајбната, објави британски Телеграф.
Авионот слета во согласност со стандардните процедури, а сите патници, вклучително и секретарот Хегсет, се безбедни, рече Парнел.
Како што потврди Пентагон по враќањето во САД од состанокот на министрите за одбрана на НАТО, авионот што го превезуваше Хегсет извршил непланирано слетување во Велика Британија поради пукнатина на шофершајбната. Авионот слетал во согласност со стандардните процедури.