Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Авионската трагедија во Казањ: Руската авијација има стари проблеми

0
By Нова ТВ on November 19, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Според резултатите на истрагата, авионот на компанијата „Татарстан“ паднал кај Казањ речиси вертикално помеѓу пистата и маневарската површина. Експлодирале резервоарите, по што избил пожар кој беше локализиран дури изутрината. Според Александар Полтинин, шеф на Приволшката управа за сообраќај на Истражниот комитет на РФ, ноќта пожарот неколкупати повторно се распламтувал, анализира Руска реч.

Полтинин истакна дека екипажот од засега непознати причини се откажал од атерирањето во првиот обид и го повторил маневарот за слетување. Треба да се испита зошто пилотите не можеле да го приземјат авионот во првиот обид. Одговарајќи на прашањето дали екипажот на авионот навистина соопштувал дека има проблеми за време на слетувањето, Полтинин само истакна дека авионот при слетувањето воспоставил врска со аеродромската служба, пренесува РИА Новости.

Претходно беше соопштено дека веќе се сослушани контролорите на летот кои го наведувале авионот. Контролорот Кирил Корнишин во емисија на ТВ каналот „Русија 24“ раскажа дека еден од пилотите ја известил контролата на летање дека авионот ќе направи маневар и дека ќе го повтори слетувањето на пистата. „Тој рече дека нема конфигурации за слетување. Му дадов упатства како тоа треба да се изведе според стандардите. Тој потврди, но не го направи маневарот. По само неколку секунди се случи несреќата“, изјави контролорот на летање.

На московскиот аеродром од каде полетал авионот истражните органи веќе зеле примероци на горивото и на мазивото. Од авионската компанија „Татарстан“ се земени сите документи поврзани техничката состојба на авионот и подготовката на пилотот за лет, соопшти шефот на Приволшката управа за сообраќај на Истражниот комитет на РФ.

Пронајдени се телата на сите патници. Меѓу загинатите има и две странски државјанки и познати личности од Татарстан: синот на претседателот на Републиката Ирек Миниханов и шефот на Управата на федералната служба за безбедност на Татарстан Александар Антонов.

Црните кутии се пронајдени дури изутрината во јама која се формирала на местото на падот на авионот. Тие засега не се дешифрирани, така што експертите изнесуваат прилично внимателни претпоставки во врска со причините за трагедијата.

Извор од Оперативниот штаб за ликвидација на последиците од вонредни состојби за Интерфакс изјави дека не се исклучени „проблеми со механизацијата на крилата, а можно е и моторите да немале доволно сила за маневар“. Од друга страна, Михаил Брјачак, прв заменик-претседател на комитетот на Државната дума за сообраќај, смета дека техничката неисправност на авионот е најмалку веројатна причина за трагедијата.

Според мислењето на Александар Старовојтов, заменик-претседател на комитетот на Државната дума за сообраќај: „пилотите не биле доволно стручни да го приземјат авионот“.

Со неговата верзија се сложува и Олег Бели, шеф на Институтот за проблеми во сообраќајот при Руската академија на науките. Тој објасни дека современите авионски компании се откажале од авионите од домашно производство, зашто тие прават голема врева и не можат да се користат за летови во странство. „Останавме без свој авионски парк, а продолживме да ги обучуваме пилотите на старите школски авиони од домашно производство. Авионските компании не обучуваат стручњаци, туку ги земаат оние кои веќе ја минале обуката, а тие пилоти не учеле да управуваат со Боинг, туку со руски Туполев, вели Бели.

Олег Смирнов, заслужен пилот и претседател на комисијата за цивилна авијација на граѓанскиот совет на „Ространснадзор“, исто така не ја исклучува можноста од пилотска грешка, зашто немале доволно искуство во управување со „Боинг 737“, но главната причина тој ја гледа во многуте предуслови кои ги предизвикуваат авионските несреќи. „Во 2011 година бевме на прво место според авионските несреќи, потоа во 2012 година беше нешто подобро, а во 2013 веќе имавме две трагедии“, вели стручњакот.

„Работата е во тоа што ние имаме многу лош систем за регулирање на цивилната авијација. Едни исти луѓе даваат сертификати за летање и вршат истрага по трагедијата. Во САД, на пример, истрагата ја врши посебна структура, чиј раководител го именува претседателот на државата, и секоја авионска компанија мора да ги почитува нејзините инструкции“.

Според Смирнов, во поголемиот број вакви несреќи излегува дека се виновни пилотите кои
загинале, а решавањето на системските проблеми се одложува. „Кај нас ниту една државна структура официјално не одговара за безбедноста на летовите. Експертите зборуваат за тоа и нивното мислење никој не го става под знак прашање, но состојбата не се подобрува“, заклучува стручњакот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.