Мало Трново: Две лица загинаа, а 16 се повредени во тешка автобуска несреќа во Бугарија во близина на бугарско турската граница.
Две лица загинаа, а 16 се повредени во тешка несреќа со украински автобус во близина на Малко Трново. Трагедијата се случила во непосредна близина на границата со Турција, објавија бугарските медиуми.
Според првичните информации, автобусот застанал на патот откако останал без гориво. Патниците биле изведени надвор, но автобусот потоа ненадејно тргнал наназад и прегазил дел од луѓето кои се наоѓале зад него.
Според списокот, во автобусот имало 37 патници и двајца возачи, сите украински државјани. Двајца патници загинале како последица на несреќата.
По инцидентот, автобусот завршил во канал, а досега сите патници и возачи се извлечени.




