Според претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, најголем ризик во моментот е да не се презема никаков ризик. Во свет кој се менува со огромна брзина, единствена стратегија што е гаранција за неуспех е воопшто да не се ризикува, вели Азески.
Стопанската комора на Северна Македонија цени дека би било добро да се разгледа можноста и да се обврзе владата до крајот на годината да не воведува нови даноци или други давачки за приватниот сектор. Сите знаеме дека тоа во вакви услови е тешко, но мислиме дека е единствено решение, предвидливо поради следните констатации:
– Драстичен раст на цените, а некаде и недостиг од суровини неопходни за производство, што е проблем во глобални рамки и е незивесен. Тоа може да доведе до нарушување на ликвидноста на компаниите, а затворање на капацитетите и отпуштање на вработените.
– За компаниите членки на комората, независно од кој регион или од кое здружение произлегуваат, дефинитивно најголем проблем е скапата струја, која се набавува на слободниот пазар по берзански цени, поради кои сметките им се зголемени за три пати.
– Договорите за јавни набавки кај компаниите од различни сектори склучени на подолг рок со фиксни цени доведува до проблеми во реализацијата на веќе склучените договори, но и неучество на новите.
– Пакетот на закони со кои се настојуваше да се зголемат работничките права и со тоа да се мотивираат вработените полека како да се претвора во кочница на работењето на компаниите, кои и онака се во исклучително тешка ситуација.
– Максимално внимание на надлежните институции околу прашањето за инфлацијата која може во ваквата ситуација да направи најмногу штета.
Исклучително е значајно да се напомене дека во секојдневната комуникација со компаниите, преовладува нивното инсистирање дека е момент во којшто треба да им се помогне, но треба да се помогне и на државата, која исто така се судрува со проблеми. Токму затоа се бара засилување на јавно-приватниот дијалог, избегнување на носење закони по скратена постапка. Пораките кои се упатуваат до владата се следни:
– Владата да направи максимални напори да обезбеди енергенси во доволна количина, по секоја цена за да не запре производството.
– Владата да направи максимални напори за стабилизирање на цените на домашниот пазар бидејќи потрошувачката е исклучително важна, но и сузбивањето на сивата економија.
– Владата да направи максимални напорти да ја одржи ликвидноста на целата економија
– Владата мора, врз основа сознанијата на реалниот сектор т.е. На капиталот, да издвои приоритети во и онака скромната акумулација за интервенции на краток рок. Тоа значи да се држат потиснати на страна инфлаторните очекувања, а средствата да се насочат не хоризонтално, туку вертикално.
– И ние како и владата сметаме дека треба да се таргетира помош за ранливите категории, но не за секој и секого како досега.
Стопанската комора на Северна Македонија продолжува да ја следи ситуацијата на терен меѓу оние кои го создаваат доходот затоа што тие се во моментов најреални податоци врз кои може да се гради економска политика во вакви услови. Ве поканувам да погледаме што се случува во една компанија која минатата недела достојно не презентираше на саемот во Mостар, во организација на коморскиот инвестициски форум.
Grand Foods Corporation е целосно македонска инвестиција во прехранбената
индустрија која започна со работа во ноември 2015 година. Специјализирана за
производство на кроасани и колачи, оваа приватно поседувана компанија е формирана од страна на професионалци со истакнато искуство и знаење присутни во продажно – дистрибутивните канали на македонскиот пазар цели 30 години, зад името ГРАНД – ЕКСПОРТ Скопје.
Во фабриката се инсталирани машини, опрема и технологија од најновата генерација на најпознатите германски, италијански и швајцарски производители. Целокупниот процес на производство е автоматизиран,а капацитет е 200 000 вегански кроасани и суви колачи на ден. Со ова фабриката се издвојува како најголемиот капацитет за производство на кроасани во Европа, и единствени вегански трајни кроасани.
Благодарение на најсовремената опрема за производство на ниво на цела македонска прехранбена и кондиторска индустрија и примената на оригинални рецепти и вкусови препознатливи за купувачите, производството е ориентирано не само кон домашниот пазар, туку и кон извоз ширум светот но еден од најголемите пазари кои моментално ги држиме се Еврпоските земји.
Едно од клучните водечки правила на компанијата е квалитетно производство во безбедна средина и природно опкружување. Уште при изградбата на комплексот, користени се најсовремени градежни материјали кои гарантираат енергетска ефикасност и минимално влијание врз животната средина. Врвната опрема и технологија овозможуваат гарантирано безбедно производство, како и остварување на највисоките еколошки стандарди за почиста и поздрава животна и природна средина, пропишани и имплементирани во Европската Унија.
Во фабриката се имплементирани ХАСАП системот за безбедна храна, Халал и ИФС стандардите .
Моментално нашите производи ги извезуваме во: Србија, Косово, Бугарија, Чешка, Унгарија,Италија, Шведска, Австралија и други, се наведува во соопштението од Стопанската комора во која е пренесен и текстот-лична карта на компанијата Grand Foods Corporation.