Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Азески на средба со Ѓукановиќ – Кризите покажаа колку е важна регионалната соработка

0
By Mirjana on April 18, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во својство на ко-претседател на Коморскиот инвестициски форум – КИФ, претседателот на СКСМ Бранко Азески, на работен ручек со претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, разговараше за клучните прашања поврзани со регионалната економска соработка, и перспективите за продолжување на процесот на воспоставување на заедничкиот регионален пазар на Западен Балкан, кој во изминатата година не се реализираше со посакуваната динамика, се наведува во соопштението од Стопанската комора.

Средбата е во пресрет на состанокот на Бизнис Платформата Западен Балкан-ЕУ, кој Коморскиот инвестициски форум го организира следната недела во Брисел, во присуство на комесарот Вархеји и различните директорати во Европската комисија, претставници на Регионалниот совет за Соработка, Секретаријатот на ЦЕФТА, Транспортната заедница и Еурочемберс.

На состанокот ќе се дискутира за клучните очекувања и барања на бизнис заедницата од регионот, по една ипол година од спроведувањето на Акцискиот план за заеднички регионален пазар. Бизнис Платформата Западен Балкан-ЕУ е основана со цел да обезбедува континуиран и структуриран дијалог меѓу носителите на одлуки на ЕУ и бизнис заедницата од регионот, претставена преку Коморскиот инвестициски форум, во присуство на комесарот Вархеји и различните директорати во Европската комисија, претставници на Регионалниот совет за Соработка, Секретаријатот на ЦЕФТА, Транспортната заедница и Еурочембрес. Претседателот Азески го информираше претседателот Ѓукановиќ и за активностите во рамки на Регионалниот фонд за предизвици, и вториот повик за доставување на апликации кој беше затворен минатата недела, а кој во рамки на КИФ е координиран до Стопанската комора на Црна Гора.

Во следниот период Коморскиот инвестициски форум ќе ги продолжи активностите на Регионалната програма за добавувачи, при што за селектирани компании од регионот ќе биде понудена техничка помош за дигитализација и за пристап до финансии, во насока на зголемување на нивните капацитети и полесно вклучување во регионалните и глобалните ланци на снабдување, за компаниите кои се дел од базата на добавувачи во платформата која ја изготви КИФ (market-access.wb6cif.eu).

Во текот на месец мај ќе биде одржана и регионалната конференција и Б2Б средби „Креирање на заеднички туристички производ“ во Требиње, Босна и Херцеговина. Во текот на следниот месец ќе биде распишан и повикот за Регионалните награди кои Коморскиот инвестициски форум ги доделува за компаниите кои придонесуваат за унапредување на регионалната соработка во Западен Балкан, и со своето работење поставуваат нови стандарди на полето на дигитализацијата, иновациите и технолошкиот напредок.

 

 

АЗЕСКИ СРЕДБА СО МИЛО ЃУКАНОВИЌ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.