Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Над 160 компании алармираат за проблеми поради кризата, најалармантно во градежништвото

0
By Ivana on March 28, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За надминување на амбиентот во кој функционира домашната економија потребно е сите да ги „засукаме ракавите“, да се обединиме во нова Алијанса за поддршка на државата во справување со мулти кризата со акцент на неколку приоритети.

Цениме дека е потребно да отвориме серија од неколку прес конференции на кои ќе ја искажеме моменталната состојба која владее во реалниот сектор, бидејќи во соработка со 160 компании со кои имаме дневна комуникација добиваме се повеќе алармантни и загрижувачки информации кои се обидуваме да ги обработиме и да ги проследиме до јавниот сектор, и на тој начин да си помогнеме сите, изјави претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески.

Според него, управниот одбор на СКСМ во четвртокот одржа своја седница за да ги констатира алармантните состојби и пораката што ја испраќа до јавниот сектор е дека во вакви моменти искуствата наши покажуваат дека информациите до кои доаѓа приватниот сектор треба да бидат приоритетни и најзначајни бидејќи нивното сигнализирање и мерките кои се преземаат имаат огромно значење во временската димензија во која се поставени.

– Просто и едноставно кажано не можеме да чекаме да ги видиме статистичките податоци па дури потоа да правиме некакви интервенции, туку треба да се верува на секторот кој јасно и гласно ги добива тие во секојдневната комуникација, вели Азески.

Дека сме во право, како што рече, во однос на оваа работа и мислиме дека тоа е правиот пат е и најновата компаративна анализа што доаѓа од нашиот најголем трговски партнер Сојузна Република Германија која е од петокот, пред два дена а која кажува дека според анализите на Економскиот институт од Минхен се очекува падот на германското стопанство во наредниот период да биде од 15 % поради недостиг на суровини најмногу во автомобилската индустрија, што значи дека почнуваат да се остваруваат нашите прогнози изнесени уште пред еден месец дека ако дојде до ваква ситуација кај нашиот најголем трговски партнер, последици ќе има и врз македонското стопанство.

– И денес тоа го имаме како последица бидејќи дел од работниците седат дома и не работат а проблем е што не се работи во повеќе смени. Зборуваме во име на 594.243 лица, вработени во приватниот сектор. Само за споредба, во јавниот сектор по сите основи работат само 18 % од луѓето, така што мислам дека е јасна тенденцијата за што зборуваме, во чие име зборуваме и каде треба да се насочат активностите, додава Азески.

Претседателот на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите информираше за едни од најсериозните проблеми со кои се соочуваат градежните компании во услови на криза.

– Со оглед на намаленото учество на градежништвото во Бруто-домашниот производ од 0,5 процентни поени и со оглед на бројот на вработени во однос на што има тренд на опаѓање и над 2.000 откази, како и во услови на работење за време на тешка здравствена, економска и воена криза, а што е поважно во услови на ниска реализација на капитални инвестиции и лошо и споро администрирање на сите проблеми при реализација на тие инвестиции, проблемот со зголемување на цените на градежните материјали не може да се изостави и мора да биде решен одма и сега. Сите ќе бидеме одговорни доколку во веднаш не почнеме да го решаваме тој проблем со оглед на тоа дека последиците од истиот би биле катастрофални и би влијаеле катастрофално на еден од најголемите стопански сектори во државата, изјави Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништвото индустријата на градежни материјали и неметалите при Комората.

Импликации од овој проблем има во сите сфери, а најмногу во доменот на јавните набавки. Кај тековните јавни набавки и проекти кои повеќе години се реализираат, проблем е што компаниите работат во услови на непроменети цени пропишани во договорите, а онаму каде што има пропишано клизна скала истата не функционира, односно не ги одразува зголемувањата на цените во реалноста.

Кај оние капитални проекти кои се пропишани и евалуирани но не се започнати, проблемот е што цените кои се пропишани и евалуирани повеќе не се исти со оглед дека од ден на ден се зголемуваат.

А трета и најголема импликација е неизвесноста во која градежништвото се наоѓа при настап на новите јавни набавки и проблемот дека условите по кои се пропишуваат тие се оние услови кои ги имавме една, две, пет и десет години, т.е. во услови кога нормално се живееше и работеше.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.