Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Азески во посета на Кавадрци: Без политички консензус државата нема економски развој

0
By НОВА ТВ on November 27, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Блиската соработка и редовна комуникација меѓу бизнис секторот и Стопанската комора на Северна Македонија е клучна во обезбедување што подобри услови за работа на компаниите, земајќи предвид дека Комората е гласноговорник на бизнис заедницата. Во таа насока, денеска на средбата со претседателот на Комората Азески и делегацијата на СКСМ која ја предводеше претседателот Азески, ги презентиравме нашите досегашни и тековни активности, но и идните планови кои вклучуваат сериозни инвестициски проекти, насочени пред сè кон енергетската и еколошката ефикасност, кои истовремено значат подобрување на процесните параметри и зголемување на нашата конкурентност“, изјави Герасим Кујунџиев, прв генерален директор на Еуроникел Индустри.

На средбата беа разменети мислења и за ставовите, кои се заеднички за бизнис опкружувањето, дека клучни услови за раст и развој на компаниите, за подобрување на целокупната економска слика во државата се едноставна и ефикасна администрација, институционална поддршка, стабилен правен и судски систем, напредна патна и енергетска инфраструктура и системски континуитет.

Претседателот Азески честитајќи му на менаџментот на Еуроникел за успешната работа и во услови на тешки кризи истакна дека металуршкиот комбинат како е 3-та на листата на топ 100 извозници во 2020-та година, со реализиран извоз од 182 милиони евра и остварени приходи од 188 милиони евра,… долгогодишна членка на Стопанската комора и се согласи со ставовите изнесени од г-динот Кујунџиев. При тоа, ја потенцира исклучително важната улога на Комората  во поддршка на компаниите за постигнување на што повисок раст и профит и го убеди раководството на Еуроникел дека Комората е активно вклучена во процесите за изнаоѓање решенија за проблемите врзани со здравствената и енергетска криза.

Мојата колумна од почетокот на октомври ја отвори дебатата за кризата за енергетскиот ресурс и од тој момент до денес Комората е активна во сите процеси каде се води акција за обезбедување електрична енергија за што пониски цени. Така ќе продолжиме и понатака. Истото можам да го кажам и за имунизацијата и сакам да Ве уверувам дека Комората е еден од учесниците во разговорите и нема да дозволи да проблемот со вакцинирањето ги загрози процесите на економско заздравување во наредниот период, барајќи заедно со Владата и синдикатите најоптимално решение да не запрат производствените процеси и извозот но и да не се загрозува здравјето на  останатиот персонал.

Делегацијата на стопанската комора оствари средба и со претседателот на Регионалната комора на Кавадарци при Стопанската комора Никола Наумов, сопственик на компанијата  Градба Промет, градежна компанија која веќе 30 години успешно опстојува на пазарот. Со сопствена бетонска база, сепарација на песок и каменелом, целосно опремена за изведување и на најсложени градежни работи, има околу  220 специјализирани вработени, градежни инженери, архитекти и економисти.

Посетата, претседателот Азески ја искористи да му го честита новиот мандат на градоначалникот Јанчев, долгогодишен претседател на Регионалната комора во Кавадарци и еден од сопствениците на Кожувчанка, а на средбата беше акцентирано дека за бизнис секторот на локално ниво врвен приоритет е децентрализацијата како основен предуслов за локален економски развој.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.