Томас Милер, Жером Боатенг, Тиаго Алкантара се имиња со кои многу деца би сакале да имаат шанса да се дружат. А како Германија е главната дестинација за илјадници бегалци, фудбалскиот клуб Баерн Минхен им овозможи на 28 деца, баратели на азил да присуствуваат на еден од камповите каде тренираат ѕвездите на германскиот шампион.
На децата им било дозволено да тренираат со помош на младинските тренери и одблизу да ги прашаат фудбалските имиња за нивниот свет на фудбалот.
Милер, Боатенг и Тиаго се дружеле и споделиле неколку фотографии со децата.
Ваквиот однос на фудбалскиот клуб Баерн Минхен бил помогнат и од градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер и од баварскиот министер за внатрешни работи, Јоаким Херман.