Американскиот претседател Џо Бајден го предложи Кенет Мертон за нов американски амбасадор во Бугарија на местото на Хeро Мустафа, која е во Бугарија од 2019 година.
„Номинацијата на Бајден се очекува да биде одобрена од Сенатот“, објавија бугарските медиуми.
Мертон беше амбасадор на САД во Хрватска, како и вршител на должноста во Амбасадата на САД во Хаити и потоа и нејзин амбасадор.
Претходно бил заменик-помошник секретар во Бирото за глобално управување со таленти, а претходно и помошник секретар во Бирото за прашања на западната хемисфера.
Мертон бил економски советник во Амбасадата на САД во Париз, Франција, извршен асистент во Бирото за економски и деловни прашања на Стејт департментот и висок набљудувач во Оперативниот центар на Стејт департментот.