Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бајден на разговори во Варшава за засилувањето на источното крило на НАТО

0
By Biljana on March 26, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Варшава денеска почнаа разговорите меѓу американскиот претседател Џо Бајден и неговиот полски колега, Анджеј Дуда, за зајакнување на источното крило на НАТО и предизвикот пред светот по рускиот напад врз Украина, како главна билатерална точка од дводневната посета на американскиот претседател на Полска.

Официјална Варшава очекува посетата на американскиот  претседател, инаку вонредно договорена како манифестација на сојузничкото единство и поддршка за Украина, да може да даде поттик за зајакнување на американското воено присуство во Полска и сегашните околу 10.000 војници, кои ротациски престојуваат во земјата, да можат да останат постојано во неа.

-Ние сме во состојба да примиме десетици илјади војници, изјави синоќа полскиот претседател Дуда, а Варшава е заинтересирана и за забрзано купување на американско оружје, борбени авиони и модерни системи за вооружување.

Бајден денеска, на вториот ден од посетата на Полска, се приклучи на состанокот на неговите министри со украинскиот министер за одбрана и министерот за надворешни работи, соопшти Белата куќа.

По средбата со полскиот претседател, Бајден, заедно со полскиот премиер Матеуш Моравјецки и опозицискиот градоначалник на Варшава, Рафал Часковски, ќе ги посети украинските воени бегалци на Националниот стадион во Варшава, каде што се врши нивната регистрација за добивање полски матични броеви, што им овозможува да бараат вработување и здравствената заштита.

Бајден Варшава Дуда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.