По повод денешните жестоки протести пред зградата на Конгресот во САД во Вашингтон од страна на приврзаниците на Доналд Трамп, се огласи победникот на последните избори Џо Бајден.
„Ја повикувам масата да се повлече, и да дозволи демократијата да оди напред. Зборовите на претседателот Трамп вредат, без разлика колку е лош или добар. Тие зборови може да инспирираат.
Го повикувам Трамп, да излезе на национална телевизија сега, и да го исполни она што го рече кога полагаше заклетва, да го брани Уставот и да порача да се прекинат протестите“, рече Бајден.
Тој напомена дека и покрај денешите немири, е оптимист дека може да се помине и ова.
Америка помина многу, ќе го поминеме и ова. Ќе победиме. Она што го работиме сега и што го правиме, тоа мораме да го правиме на чесен начин со владеење на правото. Да бидеме пристојни. Да ги решаваме проблемите, а не да поттикнуваме хаос.
Луѓето и децата кои гледаат телевизија, гледаат што се случува, цел Свет гледа. Два и пол века секогаш сме тежеле кон добро, Америка е многу подобро од она што сега го гледаме. Кога работиме на праведен начин и мирен начин, и тој тоа го правеше, и целиот Свет му аплаудираше. И Бог треба да го благослави тој пат. Тоа е демократија. Мораме да покажеме почит, мораме да покажеме чест и посветеност на оваа нација. Тоа што го видов денеска, без оглед на се, останувам оптимист за иднината, не постои нешто што не може да се направи ако го правиме заедно. Ние сме соединети американски држави, и мораме да работиме заедно“, рече Бајден.
На крајот од говорот испрати порака до Трамп.
„Претседател Трамп станете. Спротивставете се на ова. Нека Бог ја заштити Америка.“, рече Бајден.
Biden in closing: ‘We must step up. This is the United States of America … so President Trump, step up.’ pic.twitter.com/O8wiG1yjsX
— NowThis (@nowthisnews) January 6, 2021