Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бајден: Се шегувате, ова е буквално рамковниот договор што јас го предложив уште во мај – буквално

0
By Zoran Ivanov on January 15, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Прес на Џо Бајден на кој на прашањето кој е заслужен за примирјето меѓу Израел и Хамас – тој или Трамп, Бајден одговори: „Се шегувате?

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека ова е „многу добро попладне“ додека официјално го објавуваше договорот меѓу Израел и Хамас, набргу по привремениот договор за прекин на борбите во Газа и фазното ослободување на заложниците и палестинските затвореници, пренесува Си-ен-ен.

Ова е многу добро попладне, бидејќи конечно можам да објавам дека е постигнат прекин на огнот и договор за заложниците меѓу Израел и Хамас, по повеќе од 15 месеци конфликт што започна со бруталниот масакр на Хезболах на 7. октомври, рече Бајден, погрешно наведувајќи ја групата што го почна нападот на 7. октомври 2023 година.

Повеќе од 15 месеци терор за заложниците, нивните семејства, израелскиот народ. Повеќе од 15 месеци страдање за невиниот народ во Газа. Борбите во Газа ќе престанат. А наскоро заложниците ќе се вратат кај своите семејства, додаде тој.

Обраќањето на Бајден во Белата куќа, заедно со потпретседателката Камала Харис и државниот секретар Ентони Блинкен, беше емитувано додека катарскиот премиер потврдуваше дека е постигнат договор.

Бајден рече дека во текот на следните шест недели од првата фаза од прекинот на огнот, Израел ќе преговара за потребните аранжмани за втората фаза – „траен крај на војната“.

Американскиот претседател рече дека има „одреден број детали“ за кои треба да се преговара за да се премине од првата во втората фаза.

Доколку преговорите траат подолго од шест недели, прекинот на огнот ќе продолжи сѐ додека траат преговорите, додаде тој.

Втората фаза ќе овозможи размена за ослободување на сите преостанати живи заложници, вклучително и војници.

Исто така, втората фаза ќе вклучува повлекување на сите преостанати израелски сили од Газа и трансформација на привремениот прекин на огнот во траен, рече тој.

Бајден рече дека третата фаза од договорот за прекин на огнот ќе вклучува враќање на посмртните останки на заложниците што загинаа во Газа на нивните семејства, пишува Гардијан.

Големиот план за обнова на Газа ќе започне во оваа трета фаза, рече тој.

Патот до овој договор не беше лесен. Ова се едни од најтешките преговори што некогаш сум ги доживеал, посочи тој.

Постигнувањето договор тој го припиша на израелскиот притисок врз Хамас, со поддршка од САД, на смртта на лидерот на Хамас Јахја Синвар, на одговорот на коалицијата предводена од САД на нападите на Хутите, „значајното“ слабеење на Хезболах и на изборот на нов либански претседател.

-Сѐ на сѐ, овие настани во регионот, кои САД помогнаа да се обликуваат, ја менуваат работата, додаде тој.

Бајден изрази „длабоко задоволство што дојде овој ден“ за народот на Израел и за невиниот народ во Газа.

Палестинскиот народ помина низ пеколот. Премногу невини луѓе ги загубија своите животи. Премногу заедници се уништени. Според овој договор, народот во Газа конечно може да почне да се опоравува и обновува. Тие можат да гледаат кон иднината без Хамас на власт, рече американскиот претседател.

Бајден беше запрашан колкава заслуга за прекинот на огнот во Газа има идната администрација на Трамп.

Ова е буквално рамковниот договор што јас го предложив уште во мај. Буквално, одговори тој.

Тој истакна дека американската поддршка за Израел помогнала да се ослабне Хамас и да се создадат услови за постигнување договор за прекин на огнот.

Додаде дека му рекол на својот тим да биде во „тесна координација“ со тимот на Трамп што доаѓа „за да можеме сите да зборуваме во еден глас, бидејќи така прават американските претседатели“.

Додека ја напушташе просторијата по конференцијата, еден новинар извика: „Кој е заслужен за ова, господине претседателе, Вие или Трамп?“

Бајден се сврте и одговори: „Се шегувате?“

 

бајден прес договор израел хамас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
ФОКУС

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

ВЕСТИ October 4, 2025

Наместо правда и целосна одговорност сведоци сме на пропусти и прикривање. Правдата важи само за…

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025

Откако Хамас се согласи да ослободи заложнициТрамп го повика Израел веднаш да запре со бомбардирањето на Газа

October 4, 2025
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.